Види на страната за ел.закажување кога има слободни термини можиш да провериш или да се јавиш ќе ти кажат
Успеав да закажам за две недели, во исто време пасош и л.карта. Дали истата слика ќе се употреби, и која е цената сега за пасош?
За првото прашање не би знаела, но најверојатно чим така ти закажале или ќе те сликаат 2 пати хаха, а за цената за пасош, тука ова го пишува. https://mvr.gov.mk/upravni-rab/1
Јас закажав онлајн пред еден месец. Одма се закажува, одиш на страната и пополнуваш. Звонев тогаш 100пати и никој не ми се јави и електорнски си закажав.
Мислам дека семејна пензија од родител, има право да користи дете до 26 години, само ако е студент. Ако се вработиш, сигурно не.
За да користиш семејна пензија треба да си студент, ако си вработена нема да можиш да ја користиш, се зема до 26 години, знам некои запишуваја и втор факултет само за да земат до 26 години
Како се плаќа паркинг у Џамбо? И дали смее колата цел ден да остане таму? Дали со картичката што влагаш со неа излагаш, не се плаќа ништо нигде?
Влегуваш си земаш картичка, потоа кога ќе сакаш да излезеш си го плаќаш паркингот. На излез на рампата ја ставаш картичката во апаратот и тоа е тоа. Ако направиш сметка од минимум 300 денари во било која продавница внатре имаш 2 часа бесплатен паркинг. Инаку еден час е 30-40 денари не сум сигурна за точно.