https://m.facebook.com/story.php?st...TzNn2pFpsKPAxR18ce9HCRNrQl&id=100063640176600 Одложен е концертот.
здраво дали има резултати од два третмани во солариум (5-10 мин) се работи за многу бел тен на кожа .
Симнав доста голема килажа…Навистина без изгладнување на здрав начин со здрава исхрана и активно вежбање.И секако во нормален период не нагло.Мегутоа почна да ми пага косата шо никогаш ми се нема случено не многу мегутоа доста…и деновиве приметив ми се лупи кожата на прстите на раце и нозе мислам дека имам недостаток на витамини што да превземам? Се има на некого вакво нешто случено? Дали е можно да е сепак од што слабеам?
Dali ima nekoj iskustvo so podaruvanje na zivotince vo Zooloshka Gradina? Imam zelka koja sakam da ja podaram vo Zoloshka zatoa sto e golema I nema tolkavi akvarium.
Има можност да е поврзано, и да имаш потреба од одредени хранливи материи кои помалку ги внесуваш. Најдобро е да се консултираш со лекар, за да анализираш каква исхрана внесуваш, и исто така дали овие симптоми се поврзани со исхраната.
Јас останав без коса пред некоја година кога слабеев "здраво" после тоа бев на психолог да лечам нарушување во исхрана и сега после 2 години ми порасна косата бидејќи јадам балансирано и многу повише. Поентата ми е, ако ти се дешава такво нешто значи премалку јадеш што значи пребрзо слабеш и овој проблем не можеш со суплементи да го решиш ќе мораш кога тогаш да јадеш повеќе храна со многу зеленчук (витамини).
Консултирај се со доктор, види дали паѓањето ти е од слабеењето и недостигот на витамини или од нешто друго, внесувај поголема количина на овошје и зеленчук барем сега има доволно избор
Те молам немој ништо на своја рака да земаш и не се советувај по луѓе. Прашај си ја матичната или види кај може приватно да си испиташ недостаток на витамини,провери па врз основа на тоа ќе знаеш што и колку витамини можеш да земаш. Не си играјте, не се бонбони. Друго, можно да е до железото опаднато, направи и една општа крвна слика, ќе видиш. И трето можно како последица на слабеењето хормон некој да ти се изреметил. Исто кај матичната или преку гинеколог побарај да испиташ хормони и исто и тироидната. Не занемарувај, моја другарка си направи огромни проблеми. Не се зезај по нет, туку дирекно на доктор.
Дечки,за сликање за пасош,цената е иста како што е на МВР на страната,така,нема покачување на тие услуги? И уште едно прашање,колку се зема провизија на уплатница на 3.000 денари? Благодарам!
Помала е провизијата ако платиш таму со картичка, бидејќи ако видиш (за пасош по редовна постапка) ќе ти требаат две уплатници (една за такса и една за образец за пасош). Ќе те фати 100 и нешто денари, а со картичка околу 20- 30 денари вкупно за сите наплати.