Во рок од колку денови можам да заменам/вратам парче облека поради згрешена големина во New Yorker? Притоа, ја чувам и фискалната и етикетата си стои на блузата.
На патарините има многу мајки со бебиња најчесто ама и со мали деца, кој треба да ги заштити тие бебиња??? Многу е топло над 30 степени на најжешкото лежеа на мајките како дехидрирани се чувствувам ужасно што згрешија тие бебиња за да се најдат тука на најжешкото??? Мора да има некој некоја организација нешто што се грижи за бебиња за малолетни лица?? Како може да стојат тука и никому ништо?
Ако пријавувањето е електронски секогаш почеток на работен однос е наредниот ден. Ако се пријавува лично во агенција за вработување мислам дека може пријава/ одјава во истиот ден но не сум сигурна. Јас електронски правам пријава /одјава. Најдобро би било петок да има одјава, а петок да се направи пријава со датум од сабота. Нема да има прекин на стаж.
И за лично ако се оди во АВРМ за пријава одиш денес за најрано од утре да биде пријавен, да тече стаж. А за одјава може истиот ден да се одјави.
На оваа тема разговарав до една професорка, која работела во социјални служби. Т.е би требало сеуште да има поврзаност. Знаат се, свесни се и за бебињата и фактот дека им даваат алкохол, да мирисаат лепаци или ако им е при рака малку наркотик за да спие, свесни се и за поголемите деца што се злоупотребувани, што просат. Свесни се дека си ги издаваат бебињата и децата на ден за пари. И вика а што можеме? Поголемиве ги собирале со комбиња некогаш, им давале оброк и после пак ги враќаат. Скапан систем. Кога ќе ги видам со бебиња на топло, ладно ми иде да ги зашлапам, многу ми се одвратни.
Да. Секако ќе ти даде да одбереш прв слободен термин пред да ја потврдиш нарачката. Јас вчера нарачував имав термин после 16, дечкото ми се јави околу 13 ако сум дома да ми ги донесе порано.
Тешко дека ќе се исчисти, најверојатно дека ги имаш перено па пуштило боја, ептен на хемиско некаде ама и тие велат дека после флека не треба да имаме сретства користено на нив за да ги чистеме.
Уште еднаш да ги ставиш на перење во перална ама со 4-5 марамчиња што собираат боја, мислам дека ќе осветлат малку.
Овие се на ДМ. А овие ги има скоро во секоја продавница. Има и на Dr.Beckmann ама јас ги немам сеуште испробано, овие ми се покажале супер.