Зара за помалку имотни, а тој поимотниот строго во Guess се облекува дека Guess скап бренд. Оф леле што се дише на планетава. Иначе поклон се купува према твоите можности, колку ти е чергата толку ќе си го пуштиш нозете. И пренеси му дека други се брендовите за поимотни луѓе ако сака да се докажува колку е имотен.
Скапичка е Зара. Освен кога има попуст. Што се мисли тој каде живее? Јас кога купувам не гледам бренд, ако ми се свиѓа го зимам. Пребирлива сум кога станува збор за облека и чанти. Во случај да не ти се добри финансиите, и "играш" по негови правила на погрешен пат си. После ако раскинете ќе ти биде криво.
Некое убаво место во Скопје за славење роденден, за 10 луѓе, да е мирно, да има вкусна храна, да може да си донесам наша торта па кога ќе дојде време да дуваме и свеќи..
Каде да најдам патики за физичко за децата, така полесни? За школо и за на улица носат адидас обично, ама не ми се даваат толку пари и за во сала.
Ми треба некој од куманово Колку би било такси од центарот до хотелот куманово спа од прилика? Далеку ли е?
Знае ли некој дали може ден пред одење на одмор да се извади патничко осигурување од осигурителна компанија? Или може две недели однапред?
Во Мат Стар, до 500 ден се, со лепенки, таман лесни за физичко, не ви требаат адидас или некоја марка, треба нешто покомотно.
Лани таму им земав како стартки беа со лепенки. Но, мислам до 34/35 имаше, годинава веќе 36 ни требаат.
Од онлајн страниве шо продаваат на фб/инста да им порачаш? Јас во средно за физичко така си купував некои поевтини од онлајн страни и за тие пари ми се погодуваа за вежбање супер.
Пошто сум била, ќе ти кажам. Далекичко е, по новите цени можеби околу 120-130 денари ќе ти излезе такси.
Каде можам да најдам низ Скопје силиконски градник што се лепи само напред без прерамки? Прашав во Сара Фешн во Сити Мол, немаа. По локални дуќанчиња не сум во можност да одам.
Здраво,сакам да прашам дали може да се пријави некако со моја слика е направен профил на фб но друго име дали има некаква постапка?
Некаде во МК да може да се порача сатенски/свилени заштитни маски за лице? На инстаграм го најдов овој профил All That Detail ама не се активни веќе