Не најдов соодветна тема и тука ќе го поставам прашањето. Има ли некој што тренира боречки вештини во Битола (било што, бокс карате џудо итн.) и ако има, каде?
Имате порачувано од страницата Next.co.uk? Британска е, разгледувам, има преслатки нешта на понуда. Има преку Georgekids страницата да се нарача ама премногу маржа ставаат. Поарно директно преку оригиналнава, ама дали има за северен фиром опција... Или со достава иста сума ќе ме фати...
Една членка имаше нарачано, доставуваат но во зависност од висината ако ти ја задржат на царина може да произлезат дополнителни трошоци. Во темата за деца мислам комнтиравме баш за ова, само не се сеќавам која членка точно беше.
Дупло ме фати мене, а нарачката ми беше испод 45 евра. Кога прашав на георге.мк за истиот производ ми кажаа цена скоро пола од ова што платив. Пример производов што го нарачав беше 35 евра + 10 евра достава, уште толку ме фати царина, лежарина, шпедиција. Во георге.мк после прашав околу 45 евра ми кажаа цена за истото. Испаѓа ко да немаат маржа пошто самата достава е 10евра на сајтот. Прашај ги и спореди си. Пошто доставата секако мора да ја платиш, ете и да не ти ја задржат на царина пратката.
Пред 3-4 недели порачав, релативно брзо стигна кај нас. Ама после окапав во контакт со нашиве, па и мислев да ја вратам ама ај реков којзнае дали ќе ми вратат пари. И уште не ми ја донеле. Да идеше по регулар пошта побрзо ќе завршев. Среќа па поголемо бројче земав иначе ќе и омалеше. Јас алиштенца земав, си викам да не ги имаат они веќе на лагер овде па затоа нормална цена. И следен пат ако нарачувам прво ќе споредам цена па ќе земам, ако е ситно разликата од нашиве ќе нарачам.
Можам јас ако сакаш, ќе ти испратам нацртани портрети од мене па ако ти се допадне мојата работа ќе се договориме за останатото
Два пати ѕвонев во Агенција за лични податоци и само операторот ми читаше локали, никој не крена телефон. Ама ќе ги барам пак.
Знам дека во рамстор од лева страна имаше луѓе што цртат портрети, само не знам како им се движат цените. Побарај на google.
Дали за да ми даде полномошно мајка ми за да ја застапувам при делба на имот треба заедно да одиме на нотар или може само полномошно да потполниме и јас да го заверам со нејзина лична карта и моја.
Мислиш како редовен предмет? Мислам дека не, барем во средно медицинско мислам немаат втор странски јазик, т.е. имаат латински ама само прва година.