Мене ми требаат баш онакви како во хотел што се (без бренд). Сепак фала, ако не најдам ќе земам од дм
Не знам за различни дејности ама знам дека празнична се плаќа 150%, а неделна дневница може да е од 50% до 100% (мислам 100% беше максимумот)
Потребно е оргинал од диплома и важечка лична карта. Ако сакаш да користиш некои од бенифициите кои ги нуди АВРМ треба да се пријавиш како активен барател на работа односно да се јавуваш на увид на 30 дена или пак пасивен на 6 месеци со што не можиш да ги користиш поволностите на АВРМ како кредити за бизнис и слично.
Каде се вади извод нов? И дали знаете како точно се пријавува за здравствено доколку си невработен и што е потребно?
Извод на родени се издава во управата за воведе на матични книги со поднесување на соодветно барање лично или електронски. За здравствено осигурување е потребно да се обратите во подрачната канцеларија на ФЗОРСМ каде што ќе добиете барање за стекнување на правото на здравствено осигурување. Заедно со барањето потребно е да доставите и Пријава за задолжително здравствено осигурување. Здравствена легитимација. Копија од извод од матична книга на родени/венчани Копија од лична карта заедно со изјава за користење на личните податоци. Потврда од АВРМ дека сте невработено лице ( освен во случај да се пријавувате прв пат не е потребна потврда од АВРМ )
Некој/а од Скопје да ми наведе продавници за осветлување? Освен Pastello, Maximo lighting, други? Ми требаат две ѕидни светилки со прекинувач на самите нив да има.