Како треба да те одјават од фирма за да ти следуваат пари од АВРМ, знам дека за спогодбено не важи пример...
За лекарско уверение во Железничар дали треба да се закаже претходно или немора? Каде е точно министертво за труд и социјална политика?
немора истек ти даваат отказ и готово, за истек треба да прашаш не сум сигурна само да не биде дека спогодбено двете страни несакаат да го продолжат
Во листа на стаж забележав дека ми фалат 2 години,а тоа се години за кои државата плаќаше придонес.Стои дека сум била пријавена,а парите не се уплатени. Ме интересира некој стручен да ми каже,дали е можно сметководителот парите да ги пренасочил на друг вработен во истата фирма , или е можно државата да не префрлила пари ?
па многу веројатно дека државата не префрлила пари, има многуу вакви случаеви каде државата им ги нема платено придонеси. Јер се штедело, отишле некаде парите за другоо. Иначе неможе сметководителот да ги искористи твоите пари за некој друг.
неможе со истек на договор. Треба да ти дадат отказ и да те прогласат за технолошки вишок, и на твое место да не пријавуваат друг. Исто така потребно е и да си пријавена на неопределено .
Па со специјална четка за чизми… имаш у секоја продавница сунѓерче со боја за кондури… со тоа ги поминувам, прво со памучна крпа па со сунѓерче. Знаеш на што мислам нели?
Препорачано писмо, за колку време ке го достават? Итно ми е, утре е крајниот рок и треба да стаса утре, планирам сабајле да го пратам, ке стаса ли истиот ден?
Дечки дали некој има нарачувано карти од ticketmaster ? Имам купено за концерт за во Минхен во мај уште пред два месеца, и кога ќе се најавам вака ми пишува Сакав да ве прашам дали вака правилно треба да биде, билетите да се готови пред 3 дена или има некој проблем? Прв пат вака купувам па не знам како иде
Каде и како се вади лекарско како за спортист, т.е знам дека е спортска медицина, ама каде се наоѓа, која е процедурата итн?
Ако е за Скопје, спортска медицина се наоѓа под Кале, веднаш до Водовод. Одиш прво кај матичната, за да ти закаже на Мој термин и на тој датум одиш на преглед. Прво мислам ти земаат материјал за лабораторија, па ЕКГ, ако има потреба и стрес тест и на крај со резултатите на преглед кај еден од докторите. Тоа е во глобала