Ова најдов на гугл. Има и вакви како кожни и силиконски, мене поубави и потрајни ми се овие како кожни. Во дм стојат и кај другите обични влошки или оние половинките за напред само. И да прашаш ќе ти кажат верувам
Не знам дали ова време работат ама по должина на улицата од десна страна - од црвен крст кога ќе тргнеш кон џамбо има повеќе места за принтање и фотокопирање.
Дали прерамки од ранче може некаде да ми ги поправат? Најверојатно неквалитетно биле сошиени, а малку потешко во ранецот што ставив и носев, одма се отпараа конците кај што се шиени прерамките. 3-4 пати носено ранче ми е, дека ново, па сакам да си го направам...
Здраво, да сподели некој искуство со ова? Дали е ок вака за нешто што не е ептен изгужвано, малце да се за пегла или играчка е? Spoiler
Сите имаат маани. Дома имам од телеком, често паѓаше интернет и снемуваше тв, ветре појако да дувне, одма проблем. По 102839298 пријавувања, дојдоа, средија ама пак интернетот паѓа од време на време. Имам и од А1, тие за нијанса поарни се, немаме толку често проблеми, но корисничка поддршка им е комедија. Телекабел имав до пред некое време на работа, за цената ок беа, интернетот не беше совршен ама вршеше работа.
На Телеком сме 10+ години, не би ги сменила моментално, во глобала се океј. Ниедни не се совршени, секој на ова различно би ти одговорил, види си каде ќе ти одговараат највеќе пакетите што ги нудат, цената, телефонскиот број од каде ти е итн. Пример, нас дома Телеком ни одговара зошто сме на Магента пакетот и мобилните броеви ни се поврзани така, најисплатлива опција ни е за интернет, тв и мобилни услуги.
И јас мислам дека во моментов од Телеком нема ништо подобро! Едно време ги хејтав...се додека не увидов од лично искуство колку се само стварно океј со понудите!
Јас и од нивната корисничка поддршка сум задоволна, се јавуваат одма и кога имало некаков проблем доаѓала екипа да среди. Се дешавало некогаш да падне интернетот, но се трудат да средат и да видат што е проблемот.
За интернет многу е битен безжичниот рутер. Треба да се купи многу скап и да се подеси како што треба. Без добар модем и рутер џабе интернет. Проблемите и паѓањето на мрежата е до рутер не до провајдерот на интернет. Џабе им се јавувате само ќе ви кажат рестерурајтето го рутерот. Дури 90% од паѓање на брзината и мрежата е поради сигналот на бежичниот рутер. Најдобра опција е Телекабел и скап рутер. Исто проблем се стари лаптопи имаат лоши модеми и поради тоа паѓа интернетот. А за мобилна А1 и пакет кој одговара. Т-мобиле се поскапи. А1 има добри попусти на апарати и поефтина е претплатата. Телевизија е најдобра Тхоум. Но ние не гледаме телевизија така да. За добар интернет треба рутер од над 6000 денари и лаптоп од над 45.000 денари нов инаку обично окулу 12-17.00 часот ќе ви падне интернетот тогаш е најоптоварен радио сигналот на многуте безжичен мрежи особено во последно време. Ако немате пари користете само кабел и директно во лаптопот. Никако бежичен интернет на ефтин рутер и стар лаптоп. Само ќе ви паѓа брзината и мрежата.