Ако се најде некој супер би било. Од мене се локациите, две се. Од него апаратот. Заедничка желба и воља и жолти (се надеваме)
Дали некоја од вас ги има пробано новите парфеми Swiss Arabian, Lattafa или Al Haramain што ги донесоа во Шатци? Не сум од Скопје, немам можност да ги пробам на тестер, ама ако некоја од вас знае кој е добар, би сакала да пробам и јас
Негде ја читав @Annath дека става алкохолен оцет, не се сеќавам дали во машината за садови или за алишта и зошто. Ќе може да пишеш?
Јас исто користам алкохолен оцет.Кога сакам да ја исчистам убаво машината за алишта да се дезинфикува ставам сода во преградата за прашок, а алкохолен оцет во делот за омекнувач и на 90°c пуштам машина.Кога перам кујнски крпи и пешкири ставам алкохолен оцет и неколку капки етерично масло има секакви мириси место омекнувач.
Ставав и во машина за садови и во машина за перење. Во машина за перење веќе не ставам, оти ми кажаа дека оцетот ги кинел алиштата. Иначе го ставав место омекнувач. А во машина за садови го ставам место сјај, тоа не користам. И не мириса воопшто, а неутрализира други мириси.
Лани си купив убав мантил на попуст од позната марка, многу беше намален и стварно со многу добар квалитет, арно ама не знам што и како имам направено на неколку места има бели точки како избледеана боја, мислам дека сум прснала парфем или не знам што, не се пери и на хемиско го носев. Криво ми е многу оти ни една сезона не го износив и стварно се приметуваат точките. Пошто имам друг крем боја се мислам овој да го офарбам црн, може ќе исчезнат, а отсекогаш сакав црн да си купам. Знаете ли начин некој како тоа да се изведе?
@1209 Не се мачи, купи си друг. Сега изборот на тренч мантили е поголем, дека повеќе се носат, па верувам лесно ќе најдеш некој. Во Зара на намаление може и по 1600 денари да се најдат, а прекрасни има и по Манго.
Не сакам друг, не живеам во МК и не де толку ефтини тука ни во Зара/Манго и мантилот е стварно скап регуларно околу 300 фунти, мислам на марка марка, јас не го зедов толку ама сепак нема веза бидејќи квалитетот е битен. Не ми е зор за друг мантил имам јас и друг него не сакам овој да ми стои.