Дали сте зимале картичка за интернет во Грција? За 7 дена до 10гб ќе ни е доста за тројца. На прв крак ќе идам, кај да земам? И дали Vodafone или Cosmote? Шо пари е?
Прашања за оние кои се занимаваат со новинарство: Како ја започнавте кариерата, каде ги објавува те вашите први статии? Дали започнавте со работа без претходно портфолио и искуство?
Имам од водафон користено, мислам дека доста ќе ти се. Има повеќе пакети ќе видиш кој ти одговара. Само шо малку е комплицирано за активирање
Дали некој го знае линкот за лајв гледање на камери на граница, вечер тргаме барем да бидеме во тек со гужва на граница
Во Неа Мудања по пат ви е ако сте со кола застанете. Има германос - космоте whats up, за 7 дена неограничен интернет 12-13 еур беше. Пасош ти треба само.
Па ти трба пасош па скенираш код и тој те води. Треба да испратиш слика од пасошот и слика од тебе кај што го држиш падошот па чекаш да ти одобрат
Не знаев каде да го поставам прашањево, ми треба некој што работи во сметководствено биро но да има прилично искуство некое, ако не му е проблем да ми пише во приватна порака.. Ми треба стручно мислење. Тенкс
Сестра ми стасаа денеска во Бодрум со дотичните Фибула што цел одмор им го расипаа.Нај прво им го загубија куферот па им се јавија дека го зел некој од друг хотел да отиде таму да го заменат.Си платиле такси 30€ до таму и на крај на лугето што им го вратиле тој смешаниот куфер бил на други луге 5 часа немаа информација за куферот да им го најдат и на крај им јавиле во автобусот бил(дека и им беше тешко да проверат претходно) ќе им го донеле вечерва целиот ден пропаднат без лични ствари…А хотелот ужас крш.Интернет во соба немале,хигиената 0 нема доволно лежалки покрај базенот морето на тој дел било катастрофа …. грешка на сестра ми е што не читала претходно коментари за хотелот ама реално имаа други проблеми покрај работата и не знаеја кога ке им дадат одмор и на крај резервираа многу брзински… Отворив сега коментари јас за хотелот и се ужасни па зарем вакви хотели треба да нуди агенција????Зарем они не читаат или не слушаат поплаки од туристи…Па и цената е превисока за вакви услови… Сликите вооште немаат врска со реалноста…Па одозгора им бараат 640€ да ги преместат во друг хотел.Сестра ми е скроз разочарена…Кажете ми некој совет…Каде да ја пријам оваа неодговорна агенција?
Не е сестра ти крива што не читала ревјуа за хотелот, ревјуа секој може да пише, било добри било лоши... Агенцијата треба да и го даде она што го рекламирала и за што потпишале договор со неа. Се надевам дека чува фискални за дополнителните трошоци кои ги имала а кои не биле по нејзина вина.. за изгубен багаж не требала сама да оди да го врати, требало агенцијата и превозникот да и организираат враќање на багажот. Побарав на страната на Организација на потрошувачи на МК и најдов брошура во која е објаснето конкретно за туристички услуги. Убаво се објаснети сите права и обврски и на агенцијата и на патниците. Еве линк од неа. https://opm.org.mk/wp-content/uploads/2020/01/Turistichki-aranzhmani-mk.pdf На крајот од брошурата има и контакт за информации и совети.
Можи не е за темава прашањето мое ама: Има ли некој психолог со лиценца, или можеби некој шо моментално стажира за лиценца, или пак некој шо знај како оди доедукација и земање лиценца за психолог? И ако има го/ја замолувам да ми пиши, имам некои прашања
Искористен е, се гледа дека нема „опашка„ ролната. Освен ако самото кутивче не е празно. Неискористените имаат неколку сантима од филмот надвор за да може да се закачи за намотувачот во апаратот. Еве вака @sino.o.oka кажи ни што направи на крај, какви слики има, не можеме да спиеме од љубопитност
Па не знам баш дали не е крива. Не сакам лично да напаѓам никого, ама да тргнеш негде и да не видиш претходно кај одиш... Колку време ти треба да го разгледаш хотелот на интернет, повеќе од саат? Агенциите за пари ќе те убедат секаде да одиш.