Може, јавно достапно е за секого. Утипкуваш ЕЗБО бројот и матичниот број. Најпосле го утипкуваш и кодот кој ти го дава системот и излегува дали имаш регулирано здравствено осигурување.
Каде да најдам батерија за Асус лаптоп? Не сакам од алиекспрес да порачам, не можам да чекам 1м да стигне..
Каде на државно освен во државна се прави томографија на глава? Правев во државна, ама во воена ми тврдат дека ми дале празно цд, не можат ништо да отворат. Се вратив таму, го отворија, викаат се отвара најнормално, има се. Така да да не се расправам понатаму, кај има на друго место или негде може на приватно, само да не е прескапо.
ЕЗБО го имаш и во книшката, ако ја имаш ќе го најдеш најгоре на страната со личните податоци, број е со 9 цифри
Систина и Филип Втори имаат најнови апарати, Толовски има стар Томограф. Во приватниве има побрзо снимање со најмалце зрачење
Перници сатенски имало во ситник по 300 ден. За постелнина имаше еден профил на инста ама не знам како се викаше.
Бит пазар, не знам како се вика дуќанот, ама е од страната што гледа на главната улица,квалитетни се и имаат премногу избор.
Знам дека е доцна ама ќе пишам за на некој ако му треба. Се наоѓа во куќата на самиот ќош на раскрсницата помеѓу Илинденска и улицата за кон Костарика, влезот е од споредната улица веднаш спроти делот кај шо паркираат таксистите.