Јас колку што знам... Ако не се пости, славата е мрсна. Одев порано на таква слава. Знам дека за Божиќни пости, на пример, славата е посна. Исто и за Велигденските пости.
Веќе ја подигнав пратката, но ако при секоја пратка вака правам, каде е крајот…? Веднаш после пристигнување на пратката бев во поштатата во Карпош и ми рекоа да им напишам податоци и ќе биди пренесено до соодветниот “сектор”. Ова го направив уште 3-4 пати оти се направи еден месец откако пратката пристигна, а од неа ни трага ни глас. Значи не секогаш би имал слободно време да се дрндам на секое до поштата оти таму не си ја вршат работата. Од таа причина веќе нема ни да нарачувам на домашна адреса оти вака исто ќе биди. Инаку поштар не ни има, за да ми ја донеси. Тие се таму затрупани во пратки оти нема кој да ги процесира, т.е. има ама не си ја вршат работата! Вработениот на шалтер ми вика не можел тој ништо да направи, само “по негова добра волја ќе пренесел да ја побараат”! Во државава дојде на платени вработени да им се клањаме за добра волја, за да си ја сработат работата! Откако им се напнав по 100ти пат, тек тогаш ја најдоа. МКД Пошта е сведена на едно катастрофално ниво, никогаш вака не било.
И јас се карам секој божји месец со нив, не си сам и знам како е. Јас еднаш и драма им направив во поштата кај железничка бидејќи не само што не се способни да си ја вршат работата туку се и полу-писмени. Поштарот ниту знае да чита, оставил пратка во друг влез кај друг човек, бруки живи. Не знам што друго да те посоветувам освен тоа да одиш и со тракинг бројот да си ја бараш пратката кога ќе видиш во пошта дека е бидејќи другачие нема да си ја добиеш.
Здраво девојки. Би сакала да ве прашам, сигурна сум дека сте поупатени од мене на оваа тема. Имам нешто пари заштедено, па би сакала да ми бидат во банка за да не ги чепкам бидејќи ако се во мене или на картица нема да бидат уште долго. Е сега, не знам како одат тие работи со штедни книшки или како и да се викаат, јас сум на комерцијална банка и гледав на интернет имаат повеќе опции, но прашувам вака што е најдобро бидејќи од банка секогаш кажуваат нив како што им одговара. Како оди процедурата? Одам во банка, им кажувам дека сакам да отворам штедна книшка, давам пари и тоа ли е тоа? Наплаќаат ли нешто за тоа? Благодарам однапред.
Јас имам штедни книшки за децата, во Комерцијална банка. Не ми наплатија ништо. Им кажуваш колку пари сакаш да ставиш и дали сакаш да ги орочиш. Можеш да ги орочиш на 3, 6, 9, 12 месеци. После тоа не знам како оди. Додека ти се орочени не можеш да вадиш пари. Ама и не ти ни треба орочување. Нема големи камати. Ќе ти отворат друга трансакциска сметка. Се потпишуваш на барањето и на книшката. И тоа е.
Би сакала тие да не ги трошам, но сепак ако не дај боже ми затребаат да можам да ги извадам. Значи не треба да ги орочувам. Ете за тоа не ни знаев Ти благодарам многу
Во мојот град се чекаат гости четврток за вечера и петок цел ден. Четвртокот може да се служи и мрсна храна, пред полноќ нели, во петокот посна. Барем моите блиски така ќе прават.
Дали можам да патувам зимава со пасош кој истекува на средина на март? Нели имаше некое правило за важност од 6 месеци, ама тогаш што е поентата на пасошот? Термин едвај најдов среде февруари. Редакција: Ако не, тогаш ќе вадам по итна постапка. Треба да се јавам пак за термин за итна или директно да отидам?
Зависи колку имаш, можеш да ги орочиш.. Стопанска банка, халк банка имаат добри каматни стапки.. иначе ништо отвараш само штедна и мислам ти тече некоја ситна камата.. најтапа се комерц со каматиш
Утрово видов дуќанче пишуваше Кројач во зградата до училиште Партение Зоогравски, исто има дукан мислам за поправки во уличето карши Душегупчани на Рампа.
Некаде читав дека 3 месеци пред да истече пасошот треба да вадиш нов. Не знам колку е точно ова. Ако сакаш да вадиш по итна постапка, можеш да закажеш по интернет. Или јави се на бројот и кажи им да ти го откажат терминот во февруари, па закажи нов.