Ако мислиш од агенцииве организирани прошетки. Знам од бисер Пром, до Солун имаат често. Мислам Врање и некои од градовите во Мкд. Понекогаш имаат викенд во Белград. Во јан можно да има нешто до ски центрите ама не сум сигурна. Ја не сум била (освен во Белград), не ми се атрактивни овие понуди. А за другите агенции (пр. Нехар), гледам дека почесто имаа само понуди за повеќе дена кога има споен викенд, или само за викенд. Еднаш наидов на понуда за еднодневна посета на Белград, ама патот до таму не ми се исплати за само 6ч прошетка
За лица со 27 години, па нагоре, 2 000 денари плус 300 за такса. За лица до 27 години 1500 денари плус 200 (за тие до 18 години) или 300 (за тие од 18 до 27 години). По итна постапка 6100 денари. За такса истите суми како тие што ги пишав.
Не смее во ист месец со иста шифра да отвори. Може да испрати барање до комисија во Букурешт за отварање на ново боледување со иста дг во ист месец на основ на извештај од специјалист. Ако одобри комисијата тогаш следуваат 15 дена од матичен.
Жени кажете чаре, дали знаете некој да работи remote и претпладне смена? После напуштање претходна работа и договарање дека ќе работам исклучиво претпладне, газдата му текнува дека веќе не му треба човек за таа смена и изгледа ќе ме отпушти од работа. Кој ми се правата после договор на неопределено? Немам права нели?
Дали некој знае од каде може да се симне сметка од А1 како pdf формат? Пробаб на мој А1, но ми дава само листа, а не целосно сметка каква што ни стигнува по пошта.
Дали некој користел попуст од Магента Моментс во некоја продавница? Не знам како оди пошто купонот за попуст ти е од Телеком апликацијата, само им покажувам во продавницата дека имам купон на телефон и тоа е тоа, ќе ми одбијаат на цената?
Дали некоја од вас била на гинеколошки преглед во болницата Еуроиталиа во Петровец? Читам дека работат со фонд, па ме интересира.