Некој што редовно ги следи цените на Визер летовите, гледам дека за велигден се многу скапи картите а луѓе што ми кажувале наоѓале карти за дупко поефтино од тоа што јас гледам. Изгледа немам баш среќа Што мислите има можност да паднат сумиве или тешко како за празници?
Државно само на клиника се вади заб. Во здравствен дом има приватни стоматолози, а тие што се под капа на државата се детски стоматолози и не вадат заби.
Јасно. Не знам до колку буџет би дала ама еве сега што гледав за до Италија не се толку скапи картите. За во Венеција од 2-5 Мај: значи вкупно околу 4000 и нешто. Сосе куфер ќе ти излезе 5 илјади. Мислам дека од ова нема шанси да се поевтини, јас кога патував за Италија пред 1-2 год беа по 1500 некогаш ама ептен требаше да ги фатиш 6 месеци унапред и да знаеш дека баш тогаш ќе одиш инаку мислам дека ова е нормална цена за во Италија во пролет (најубаво време да се посети).
Зависи кај ќе вадиш. Кај матичен е од 300 до 500 денари, можеби и повеќе ако е комплицирано вадење. На клиника со упат беше 80 денари, не знам дали е истата цена. Кај приватен стоматолог што не работи со фонд е од 800 денари нагоре, а кај орален хирург што работи со фонд (ти треба упат од матичен) мислам дека е 200-300 денари.
Серверска грешка јавува, најверојатно го исклучиле од некоја причина краткотрајно, им се случувало и порано за викенд..
Дали е пуштено да се аплицира за субвенции за клими, бидејќи јас не можам да најдам. Ако не Ви е тешко да го прикачите тука линкот, Ви благодарамм.
Јас сум правник, ако сакаш пиши овде јавно во одговор, ако е општо прашање да можат и другите членови да го прочитаат одговорот може има некој/а со исто прашање. Ако е нешто приватно тогаш пиши ми во порака.