Јас колку што знам, може да се влезе во Србија со пасош без Северна, ама не можеш нашата држава да ја напуштиш со стар пасош, без Северна.
Дали ќе ме изгорат ако по грешка вклучив интернет во странство (Германија)? Сестра ми ми го даде нејзиниот телефон кој веднаш вклучи mobile data и веројатно потроши интернет, добив порака за вклучување на пакет при промената на сим, но доцна.
@Feniksgirl @zence Ви благодарам девојки на одговорите и така е, за лична карта, мора во банка Јас им пишав мејл и потенцирав дека е за личната карта. Таа од таму ми врати дека имало Јутуб туторијал како да си ги ажурирам податоците. Ај океј, отворив, видов, требало преку сајтот. Се најавив преку сајтот и немаше копче за ажурирање како во видеото. Им пишав пак со се скриншот и штама. Сабалје си отидов во банка и си ажурирав сметка. И таман тргнав поплака да пишам, ми звонат од контакт центарот. Да ми кажеле дека сè може да се ажурира преку апликацијата, освен личната карта Се е океј, ама можат да си нагласат во апликацијата. Или таа вчера да не ми го губеше времето
Дали некој има/л Champion патики? Како сте задоволни? До сега не сум купила такви па ме интересира. Бројот дали одговара со истиот од nike/adidas/skechers?
Со брача Срби бесплатно е да се збори преку број? Некој сигурно ако знае, нека ми одговори ако сака, вибер не го бива баш ако нема добар нет
Дали кога ќе смениш матичен лекар и матичен гинеколог им стигнува нешто ко известување или порака дека си се одјавил од кај нив? Или мора специјално да те побараат во систем за да видат? Може ми е чудно прашањево ама битно ми е, фала.
Имам неколку пара и сум задоволна. Исто ко адидас, најк.. сите праени се во виетнам, кина и остало. За број зависи до калапот Ако ова р музејот на илузии затворен е одамна
Почнувајќи од 01.07.2021 година, започнува примената на роаминг регулативата „Roam Like At Home“ (RLAH), која се однесува на 6-те земји од Западен Балкан (WB6). Регулативата важи за сите оператори од WB6 земјите - Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. Со оваа регулатива, мобилниот интернет, СМС пораките и разговорите остварени кон земјите од Западен Балкан, додека корисниците се во роаминг во тие земји, ќе се тарифираат како дома. Појдовните роаминг повици и СМС пораки од WB6 земјите, направени кон која било од 6-те земји од WB6, нема да се наплатат и ќе се одземат од вклучените минути/СМС пораки кон други мрежи во претплатата на корисниците. Повели
Дали матичен лекар може да види кој е матичниот на пациент што не е негов? На пример, ако се одјавам од кај сегашнава докторка дали таа после ќе може да види кого сум ставила за матичен?