Кај има убави хеланки низ Ск ( не барам брендирани) или онлајн продавница, да не се проѕираат? Имам од Стружанка добро искуство, ама да сменам. И да не се лепат пошо како скакулец личам
Не ваков ист ама сличен има во кам https://www.olympusfoods.com/products/spread-cheese/cottage-cheese.html
Искуство со Етно Вила Весница? Вика треба однапред да кажеме што ќе јадеме. И дали праат резервација за 2 лица?
Не даваат за двајца маса за жал не ги научи ковидот ништо мимимум 4 луѓе за викенд е преполно за резервација се чека 2 недели .
Комерцијална во Ист Гејт само банкомат имаат или има и вработени? Ми треба пари да префрлам од странство, затоа да прашам, да не одам за џабе до таму.
Не се јавуваат. Ќе трба да одиш да си провериш, ни тоа на страната за проверка не е точно Суперстејси, јас сум мн задоволна, со години ги носам Само банкомати се. Имаше (најгоре ) некоја банка мислам уни беше ама не сум согурна дека уше ја има
Се наоѓам на крстопат во кариерата. Во ИТ сум инаку. Имам една сигурна понуда за работа и интервју во друга фирма следна недела. Работата е што функцијата ќе ми биде различна во двете фирми, односно во различни ИТ сфери би работела. Едната фирма е странска, едната македонска. Сакам да одам во странската фирма, но таму е интервјуто кое допрва треба да го поминам. Сепак, функцијата која ќе ја имам таму повеќе ми се допаѓа на долгорочен план, таму се гледам во иднината и имам огромен простор за напредок. Но, морам да одговорам на македонската за неколку дена, а одговор од странската ќе имам за 2 недели. Не знам што да правам. Дали да одам на сигурната варијанта? Мноу сакам да одам во странската фирма, а страв ми е да ризикувам. Знам дека сум млада, имам само 20 години, не можев ни да сонувам за вакви понуди. Ама сакам најоптимално решение да најдам. Дали е безобразно ако иницијално ја прифатам сигурната понуда без да потпишам ништо, па потоа да кажам дека сепак не прифаќам? Знам дека не е фер, но не знам стварно што да правам.
На македонската фирма одложи им со одговор за 2 недели, не им давај одговор веднаш, кажи им крајот на Април ќе ве информирам заради лични причини не можеш да им дадеш веднаш одговор и се надеваш дека ќе ти излезат во пресрет, гледај до крајот на Април да имаш точен одговор од странската фирма, ќе процениш ако се неодлучни (што е нетипично за странците) тогаш одиш со мак. фирма, само немој да започнуваш работа и после пу пу не важи, ИТ фирмите до сега што сум гледал строго го почитуваат законот, специфичен сектор е и не можат да најдат веднаш одреден профил, и верувам мак фирма ќе почека нема избор, а во спротивно ќе те задолжат со отказен рок кој може да биде до 3 месеца, затоа не брзај со одговор кон мак фирма, види прво со странската па тек после мак. фирма. Ако ти треба толкување на договорот пред да го потпишеш пиши ми во порака, мој совет до тебе читај го внимателно и договорот од странската фирма.