Најдобро да си прашате во социјалното, мислам дека може, ама во нашава држава без врски малку потешко. Тетин ми со оштетен вид и скршен колк зема и инвалидска и нега, а на татко ми братучед со два стента и бајпас само инвалидска зема, го одбија за нега, демек можел сам да се грижи за себе, а тој е разведен, децата женети, мажени, и живее сам. Поднесете си за инвалидска прво, па за нега ќе си прашате, и за нега ако ви одобрат, треба на секои 6 месеци повторно да се доставуваат документи, инаку може да ја прекинат негата, и знам мора лично, па тетин ми го носеа, а не можеше да оди, луда држава.
Денеска работеше и ништо не е реновирано... Си мислам дали е можно веста да е од пред некој ден, само вчера да излезе јавно. А пабот наводно да се "реновираше" неколку дена. Не знам ни што реновираа... Скроз исто беше, сто пати сум била таму.
Каква гага? Не сакам у кнтрија да се возам и да ме ољушти од пари, пошто тоа се дешава со многу ако видат дека не си од Битола.
Искрено не. За спа центри сум била во лаки (има внатрешрн базен, џакузи, сауна и одлични масажи); Јуник (преголем спа центар со свашта, но немаат внатрршен базен само надворешен, и масажи); во Палас сум била само на масажа, не сум сигурна дека имаат нешто друго и што имаат. За други некои услуги као мени/педи и сл фул спа експориенс не знам кај има кај нас не сум чула. Јас секогаш ја користам гугл мапс. Симнувам офлајн мапа и тера, не сум имала проблем
Нее, на едни дечки од Влае е. Тројца другари се. Мислам дека никој не е полицаец од нив, немам слушнато такво нешто. Кај тие полицајци... Ама искрено на почеток им беше многу поубава храната, последната пола година ептен паднаа на квалитет.