Преку апликацијата на Western Union e доста едноставно. Ја внесуваш банкарската сметка од која праќаш (тоа еднаш само, може да ти остане зачувана ако сакаш), за трансфер го внесуваш износот, име, презиме и држава на примачот. После тоа ти излегува код со кој примачот може да ги подигне парите одма по праќањето.
Зависи каде си, ако си Скопје ти треба и дозвола дрвото во двор да го исечеш. Инаку да, затоа што не е комунален отпад.
Понуди ги на некој за огрев да си ги земе (ако можат да се искористат за тоа) ако не, стеблото и гранките на поситни делови ќе ги исечете и во бели јутени вреќи ќе ги ставиш. Потоа директно во контејнер.
Сака ли некој да ми преведе на македонски шо се става во пеглата? https://www.facebook.com/share/r/TmYe5rac32efWf7Q/?mibextid=D5vuiz
Не ни видов цена, бев за друго, ама знам дека имаше, види и во Нептун, имаат попуст некогаш. Гледам и на страната на Техномаркет дека имаат попуст на одредени производи. @MissChievous Веро Џамбо и моливите работат за државни празници.
1.Поставки и приватност 2.Поставки 3. Лични податоци 4. Ќе ти се појави сликата од твојот профил. Таму ќе кликнеш. 5. Пак уште еднаш на сликата ќе кликнеш. Истото ќе ти се појави. 6. Па кликаш на име.
Имаше останат чоколаден сладолед со млеко на маса (оставиле децава) и точно два саати стоел и јас со цел памет зедов лижнав малку (демек трудна сум па не можев да оддолеам) и сега се плашам салонела да не добијам? Од страв почна киселина да ми иде
Прво, чоколаден сладолед не знам ни колку влегува во расиплива храна, млекото е пастеризирано, а сладоледот е смрзнат. Стоел 2 часа, ама првите 30-тина минути сигурно бил под температура идеална за формирање на бактерии (рачунај 8 степени). За да фатиш салмонела таа треба некаде да е присутна, не е тоа така, салмонела во млеко нема, има ешерихија коли ама пак ќе ти напоменам се работи со УХТ стерилизирано млеко, дури ни оние што прават млечни производи со сирово млеко не го скокаат чекорот на стерилизација (мал дел од сладоледџиите надвор од Македонија прават сладолед од сирово млеко, кое го процесираат сами односно им стига сирово и сами го вријат и процесираат и прават сладолед). Генералното правило е дека храната е безбедна за директна консумација првите 4 часа во црвената зона иако не е препорачливо над два часа. Ако ти е страв од труења, би ти предложил да избегнуваш сувомеснатици пакувани моментално и слични расипливи работи од типот на слајс месо Се на се, џабе се секираш, ништо нема да ти биде.
Здраво, дали има во Скопје служба курирска каде што можам да пратам курир да речам да земе нарачка, да плати и да ми ја донесе на адреса па да си платам и за нарачката и за услугата?
Да. За стеблото ќе го прекршиш Законот за урбано зеленило. Глобата е 50 евра. Треба да поднесеш барање за сечење до општината или градот Скопје. За оставање до контејнерот ќе го прекршиш Законот за јавна чистота. Глобата е 40 евра. Треба да чекаш акција на комуналното претпријатие или во наменски контејнер.
Здраво не можам да најдам дали има посебна тема за ова,затоа ќе прашам тука. Дали некој е запознаен со ова за занаетчии што е од државата,што можеш да отвориш дуќан како занаетчија? Повеќе инфо ми треба