На маж ми му кажа еден пријател дека од светлината на ЦД они ќе избегаат. И навистина е така. Јас пред 5 месеци бев во Мк и терасите беа ок. А ги стави маж ми во август. Отприлика еден саат му требаше за да ги исчисти терасите. Им го растури и гнездото.
Продавница каде што има тракатанци за роденден, во близина на Карпош или Дебар маало? Во Базаро немаше избор.
Има внатре во Лептокарија од страна на зградите. https://www.facebook.com/share/16LSZAdxrs/?mibextid=wwXIfr
Можеби глупаво прашање но сепак, каде е поефтино за купување некои работи за по дома, односно кујна, во Базаро или Аџико? Или ако имате некој друг предлог ве молам помогнете (Без битпазар и пластичатска немам време кога да одам, не работат после 4)
Имам забележано дека сега и маркетите почнаа да продаваат тави, тенџериња или сервиси (ако бараш тоа); можеш да разгледаш и во стокомак, кипер, тинекс, рамстор, зур.. Инаку Хуго, Базаро, Џамбо, Јуск..
Фала ви, џамбо ретко одам не ми е успат, а и ради гужви, ама ќе проверам. Инаку ми треба за такви поситни работи, како кутлача, силиконски лажици и сл.
И ги ослепува и бегаат, јас врзав и лименки на терасите. Кај нас гулаби не, ама врапци само се удираа во ролетните, ме вадеа од памет. @Anonimnna5 на трансфузиологија. @awkey има во Базаро, Хомакс, секаде кај што продаваат пластика имаш и тенџериња и кутлачки, силиконски лажици, има и по пазарите во продавничките кај што се продава пластика.
По грешка или не внимание вечерва испив две апчиња за холестерол,за 45минути Ако знае некој,совет или идеја,што да правам!
Каде можам да најдам кандирана кора од портокал или арома на портокал ,или некоја слична арома она што го стават во панетоне колачот таков мирис/арома.
Над 10 пати да. Баба ми и дедо ми се крводарители, никогаш по државниве не плаќале, ни за крв проверка, ни за снимање или хоспитализација.