Дали некој знае кои се потребни документи за пријава за здравствено осигрурување кои треба да се достават до ФЗОМ?
Да си прашам нешто општо. Абе Раде Штекли го избришал ли инстаграмот? Ако не, дајте бе најдете ми го да исплакнам очи
Колку што знам само лична карта и здравствена легитимација. Таму пополнуваш барања кои ќе ти ги дадат, а сѐ останато тие го прибираат по службена должност. Барем јас така знам.
Од ујп се ваде листа за приходи од минатата година, врз таа листа ти одредуваат дали ќе имаш бесплатно или ќе треба сам да си плаќаш.
Копија од лична карта или пасош. Таму ќе ти дадат да пополниш некои обрасци. Ама да знаеш дека нема веднаш да имаш осигурување. Треба да помине една недела за да те внесат во систем. Ќе ти дадат мал лист и со тој треба да отидеш таму и да провериш дали имаш осигурување. Здравстевна книшка не бараат.
Дали освен тие два броеви што ги дава на google некој знае број на кој можам да ги добијам во максилофацијална во клинички центар Мајка Тереза?
Дали некој патувал со Галеб за Белград да ми кажи како ги купивте билетите, бидејќи онлајн преку Get by bus ми дава многу поскапа цена отколку што има прикажано на страната на Галеб. Би било ризично да одам истиот ден и директно од шалтер да го купам билетот?
Можеш да одиш и некој ден порано да си земеш карта од шалтер за тој ден што планираш да одиш, во смисла да е преполн автобусот па да нема место баш истиот ден. Има група на фејзбујк Galeb Ohrid, можеш таму да прашаш ќе ти одговорат.
Најдобро е да си отидеш на шалтер и да си купиш карти неколку денови пред патување. Мирна глава. Ако не можеш ти лично, и имаш некој да земе па да ти ги даде? Плус јас колку што знам, најверојатно ќе ти бараат некаква важечка патна легитимација, слично како кога патуваш со авион, за Белград не треба пасош мислам ама убаво е да легитимираш при купување билет, да си резервираш и да си знаеш имаш место за тебе во автобус.
Прашав во групата и ми одговорија дека можело и истиот ден, немало гужви, секој ден имаат релација до Белград. Нема да стигнам бидејќи понеделник треба да тргнам, но ќе појдам порано тој ден. Инаку имам пасош важечки.