Извадете извештај од банка и одете дирекно во евн. Не е можно да е некој заостанат долг бидејќи за 3 неплатени сметки ќе ве исклучеле уште во 2024. Пред многу години играше Евн на оваа карта еве сега пак почнале. Кога бев дете (околу 12 години) исто им направија на моите родители. Наводно не им била платена сметка од пред неколку години. Мајка ми ги собираше сите сметки од ко се мажила. Имавме дома 3 кутии со сметки и не смеев да се доближам до нив. Ја најде сметката им ја однесе и после и се извинуваја.
Фала и тебе и на другиот член што одговори, ќе се јавам сабајле..Добро е што чувам буквално сѐ, имам потврди дека се платени.
И да ти прават проблем можеш слободно да си извадиш извештај од банка каде си направила уплата како доказ.
Здраво, досега немам испраќано ништо по карго. Дали некој може да ми ја објасни процедурата? Јас го носам производот во карго, тие го доставуваат и како јас ги добивам средствата од тоа што сум го продала?
Го носиш во карго, оставаш податоци и нагласуваш дека ти е за откуп и му даваш цена. Ти даваат ливче, со тоа ливче ги подигаш парите од откупот ко ќе те побарат/по некој ден.
Ми стигна Temu пратка ама 1 од производите ми фали, односно не е како шо треба. Како е процедурата за refund?
Не знам каде да го поставам прашањето, барам моливи за веѓи што не се бришат одма лесно или да се обелеат.. слушнав демек со молив ако шкртнам ќе паѓале влакната, ве молам препорака кои се најдобри за да имам убави веѓи
Мене на катрис ми се добри моливите. Многу се пигментирани, е сега молив ко молив. Најдобро ми излегувале со сенка за очи и тенка четка заострена. И на шминкер кога одам ми ставаат сенка за очи на веѓите. Предобро излегуваат.
Кои такси компании можеш да им пратиш локација да дојдат токму таму, место да се објаснуваш телефонски каде да дојдат? Или едноставно што функционираат преку GPS?
Јас на грепка кога добив 50 илјади денари, морав да одам во Скопје, да се потпишам, сликам и потоа ми ги пуштија на трансакација по 4-5 дена. Од тие 50.000, си зедоа 7500 како данок.
Одиш на твојот акаунт, кликаш врати/рефундирај, па бираш метод на кој начин да ти вратат парите дали како Тему кредит или на твојата картичка, Тему ќе ти дај мислам една етикета, го пакуваш и ја лепиш етикетата и мислам дека го враќаш во истото карго од каде што си го подигнала.
По грешка на меил ако пратиш порака на некој што не требало да ја пратиш дали може да се врати/да се избрише да не ја види?
Луѓе дали има некој што се занимава со производство на боровинки? Секоја информација ми е добредојдена!