Баш на тезгите на тротоарот, што се поминува низ нив за да влезеш во пазарот? Или тие понастрана што се надоле по булеварот? Инаку купив синоќа од тезгата во пазарот одма на влезот, имаше од 400 и 500.
Некој што е на Шпаркасе банка да ми пиши, или да кажи како се снашол со новава верзија на апликацијата, зар мора в банка одење да ми пуштат код? Не можам да си ја проверам сметката моментално, немам ни известувања за прилив/одлив, а и преку One ID ако сакам да се најавам ми дава error. Сакам да користам и електронско банкарство за плаќање сметки.
Незнам дали ми е за тука прашањето, ама ќе прашам. Кога правам дипломска и воведот ми е 1.5 страна, дали е подобро главниот дел да го почнам од наредната страна или веднаш по воведот да продолжам?
Јас инсталирав нова апликација на нов телефон, веќе користев s. Bank , со one id си се логирав сам без проблем, а претходно се одеше до банка. Е сега ако е за плаќање а си нов корисник јави се и прашај во контакт центарот, ама штом ти дава опции при инсталација би требало и сама да можеш без кодови.
И јас исто нова апликација на нов телефон, и единствен начин да се најавам е или со активациски код или со One ID. На One ID имам внесено мои податоци со лк, сѐ беше во ред, но кога пробувам преку тоа да се најавам ми дава грешка на апликацијата од банката.
Може дека опцијата за плаќање е со месечна провизија па сепак треба да се одобри од банка. Треба контакт центар да се праша.
Во банка мораш да се јавиш. Во спротивно нема како да ја користиш апликацијата на телефонот. Јас сум на НЛБ, кога сменив телефон никако не можев да ја активирам апликацијата, па се јавив на бројот за корисници, и ми средија. Ама додека ми ја активираа пак, многу прашања ме прашуваа, од матичен број, број на лк, каков телефон имав, каков е новиот, запишуваат се' во евиденција.