Веро Џамбо, Базаро, Технополис и кој други продавници ги има во Скопје за купување ситници за низ дома? Не сакам да го отворам Тему, за 1 нешто да видам 5-6 ќе купам и што треба и што не треба
Само што склучив договор на А1 ( не обврзувачки) . Во меѓувреме се сетив дека стариот број( на припејд) не можам да го променам, дали ќе можам истиот да го префрлам на постпејд, а да се избрише новиот број за кој склучив договор? Нов договор ќе треба?
Ние бевме со гости да го посетиме летово, ама не беше сабота и не сум сигурна дали видов таква информација некаде кај нив, ама на официјалната страна за билети пишува дека е слободен влез, еве и линк: https://amm.org.mk/bileti/
Ги најдов во дм, на есенс и trend it up, со тоа што не се лупат туку баш само ја обојуваат устата. Пишува дека се долготрајни а сеа дали стварно се ќе видиме.
Сакам да прашам нешто некој ако знае,дали за префрлање пари на друга сметка треба да е присутен и тој што ќе му се пуштаат парите вбанка или само тој што ги пушта
Како мислиш да е и тој присутен? Само ти можеш да си присутна, со лична карта, кажуваш транс. сметка и префрлаш, можеш и преку апликација да му пуштиш пари на некого, ако имаш и користиш.
Ми треба еден омекнувач кој го има само во Рептил и Зур маркети, ама доставата за онлајн им е 600 денари за други градови во Мк :О Може ли некој да ме услужи-да ми купи и да ми го прати омекнувачот по карго, со тоа што јас ќе пратам пари по сметка однапред?
Здраво, сакам да прашам дали знаете каде би можела да ги однесам слушалките да ми ги исчистат во Скопје, релативно нови се, но десната е многу потивка. Станува збор за Anker Soundcore Liberty 4. Гледав видеа за сама, но не ми успеа.
Искуства со лабораторија Генеа за испитување на имунолошки статус (антитела) или препорака за друга приватна лаболаторија во Скопје?
Дали може да се врати производ од каде што е купен а се расипе во рок од две недели и е под гаранција со фискална дали враќаат пари?