Што значи извештај на залихи на фискален апарат и што ако при брзање се извади такво, дали треба да се јавам во сервисот кај што ја прават или што знам?
Не, туку кај претпоставен/а и да прашаш што треба понатаму и дали има некаква врска што е сега извадено.
Здраво, дали некоја има искуство, земам семејна пензија, презапишав година на факултет по 3ти пат и на потврдата за редовен студент пишува дека е запишано по 3ти пат, дали би имала проблем да ми ја укинат ради тоа?
Дури си редовен студент и имаш потврда, не можат да ти ја укинат. Лично немам искуство со презапишување година, ама знам дека кога сум носела 90% од потврдите на другите студенти им биле презапишани години (со цел да не ја изгубат). Може се сменило нешто во меѓувреме, но не верувам.
Може ли да се зема витамин Д3 без консултации од доктор или без крвни анализи. Чисто да ми се подобри имунитет, коса.
Може да влијае на тироида. За коса б6, б12, биоксин. За имунитет матичен млеч ампули или сируп др. Волц. Ама резултати нема магично веднаш, по некој месец.