Конкретно за понудите мислев. Еве пример Sara Fashion, не ми е отклучена, ама пишува од страна дека е до 31ви октомври, затоа прашањето ми беше дали и после тоа би била достапна таа понуда или менуваат други
Вака пак јас косата природно ми беше густа и бујна.... Потоа ја избланширав и опадна а во време на корона исто почна многу да ми пага Сега пола ја немам од тоа што беше и сува е Надворешно нема помош Сакам да пробам со биоксин таблети но не знам дали овде ке ги најдам кажа членка косата растела како луда. Исто ми кажаа можело и витамин Д3 и биотин б7 да го пијам некое време. Па не знам која е подобро Првите или втората комбинација А за овој период ми треба и за малку посилен имунитет подлежна сум многу на настинки.
Достапна е дотогаш, после нешто друго ќе понудат. Срцата не ти ги земаат ако не ти е отклучена понудата.
Да ама дали може во различна продавница? Јас земав од ист гејт а после видов дека во сити мол има бројче што ми одговара, па дали менат така?
А каде имаат продавница? Конкретно оваа кај Ла, како шо видов веќе не е нивна. Точно, важи до тој датум и толку е, ретко кога ги продолжуваат. Затоа ја предвреме не ги отварам, туку дирекни во продавницата
Искрено не знам кај им е точно, знам дека продаваат козметика низ овие продавниците за козметика. Во Гевгелија ѓи има во една продавница таква.
Ај види најди ги капсуливе.Од колешки што ги користат викаат дека косата престанала да им паѓа и им се зајакнале и ноктите.
Биотин баш денес ги земав, аптекарката кажа нема никаква штета од нив. Ај прашај колешките дали косата им се згусна и добија сјај.
Јас овие ги земав денес од утре почнувам да ги пијам ама ми е страв да не ми штетат нешто на желудник. Некој со искуство нека ми пише.
Дали се сеќава некој на едни грицки како чипс (нешто како сега што се Funky макароните, рецимо) кои беа актуелни/популарни на почетокот од 2000те? Ми се чини дека беа бугарски, ама не сум сигурен. Знам дека беа како перничиња, надувани, и нешто беше хит да се пржат во тавче со зејтин и имаа некој BBQ-вкус (скара) и така беа тешки за јадење - нацицани со зејтин )))))) Никако да ми текне како ги викавме, имаа ли некое име?