Да, такво. Ќе го оставам и продлжува да тече, сеа не многу, ама се собира горе како топче лепак и одма се суши тоа
Како првиот модел пиши на фб Клуб фотељи, јас имам пред 4-5 години земено комплет со честер фотељи имаат многу бои, а како вториот имаше во Гари едно време ама не се квалитетни
Значи сето тоа го имам освен жирант, бидејќи за жал освен сестра ми немам семејство во Мк никакво а таа нема некоја многу јака работа. Или тоа е само на хартија жирант? Не треба ништо да плаќа жирантот? Извинете, само немам поим за овие работи. Не знам ни пример кои банки ја даваат оваа опција во Мк бидејќи мн. банки имаме
Дали се викаат луѓе за свечено доделување дипломи како за одбраната, или идеш сам, си ја зимаш дипломата и толку?
Сама. Секако после подигањето на дипломата можеш да викнеш луѓе и да ги почастиш некаде, ама доколку на денот на бранењето си го направила тоа, тогаш нема потреба сега пак да викаш.
Треба да дојде другарка од друга држава на викенд овде , па ме праша за некое поевтино сместување до центарот во Скопје, т.е. таа не ми рече поевтино ама ете да не биде хотел како Мерриот и слично, дали знаете и јас сум од Скопје ама не знам ни хотели ни ништо ,освен тие големите што се , ако знаете предложете за еден викенд и треба ,да и помогнам Благодарам однапред
Мислам дека самата апликација you tube, ти нуди надоградба. Мислам дека се вика you tube premium , и таму избираш месечна или годишна претплата . Предноста што ја добиваш мислам е отстранување на рекламите. Друга поволност што ја добиваш е симнување на видеа и слушање музика и по затворање на апликацијата, т е. Додека имаш отворено друга апликација. Дека нели сега за да гледаш видео мора константно да ти е уклучен Јутјуб, ако ја затвориш апликацијата се затвора и видеото.
Најчесто сам. Ретко имам видено и родители, ама тие биле повеќе за промоција на магистри и докторанти. И така ќе бидете напикани во амфитеатарот сите, од дипломирани, магистри, докторанти. Па ќе има професори, декани, продекани. Па ќе има студенти за пофалници, професори за пензија и слично.
Пробај со Hotel Macedonia Square. се наоѓа одма после терранова на плоштад пред скалите на гтц кон плоштадот.