јас имав периодов активна сметка, блокирана картичка. На електронско банкарство се гледа приливот, дури и кога ми беше блокирана стигнаа нови.
Нема врска доцнењето. Нив не ги интересира кога ја регистрираш и дали ти била регистрирана претходно. Ти си плаќаш за 12 месеци регистрација. Цената е околу 200 евра, со основно осигурување.
Центар за наплата на долгови, ако имаш долг во А1 или Телеком, не ти се јавуваат они него те даваат на центар за наплата на долг, и од Еос матрикс те бараат долг да си платиш.
Борис Трајковски сала, планирам да одам на концерт за Арги, кажете ми совети паркинг каде има и каде е попристапно, првпат ќе возам за Скопје?
Околу самата сала Борис има бесплатни паркинзи, ама ко ќе има концерт малку е гужва за паркинг, биди си порано дојден. Ако не успееш да најдеш одма кај Борис, има од другата страна на Илинденска кај 8ми септември болницата, оваа локација ти е на 5 минути пеш после до Борис. Исто има кај Мида (анхоч премиум) зградата за 25 денари/час (после 23ч бесплатно).
Спроти Б.Т кај бараките поранешна Општина Капош на Драѓиша Мишовиќ ,по Илинденска вртиш лево кај 8ми Септември па првата уличка десно ќе наидеш на школски двор од десно и тука негде ..
Незнам во која тема да пишам, значи вака.. Сум заборавила скрос дека не сум платила данок на имот од што веќе ништо сметки не стигаат... Платив вечерва онлајн за 2023та и 2024та година... Ќе платам после плата и за 2025та, е сега, ме фати шубе дека ме пратиле на извршител или нешто дека ќе ми стопираат плата и слично... Што мислите, имал некој искуство? Колку смееш да доцниш со плаќање данок на имот всушност? Фала ви
2021ва ми е платен последно и немам извршите, така што уживај, а кажи ми лнлајн плаќаш со е банкарство или имаат нивна страна?
Ме фати паника мене кога видов, се си мислев годинава ми е останата само. Инаку онлајн плаќам да на https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml и можеш да си видиш која година не е платена. Штом ти е 2021 тебе, да не се секирам
Ние последен пат кога бевме таму на концерт се паркиравме кај Лептокарија, бесплатен паркинг имаш, пробај таму, 10тина мин пешачење до Борис.
Дали некој има работено (или моментално работи) во Хрватска? Ако има таков, нека ми пише, сакам нешто да прашам.
Земав робот правосмукалка- XIAOMI MI VACCUM S20 откако ќе заврши со џогирање, ламинатот ми е мокар. Дали така треба да биде или нешто не е во ред?