Има во слаткарница Охрид баш така се вика во турската чаршија се наоѓа ќе прашаш ќе ти кажат или по локација
Зошто пакетче одбери поклон за неа и за бебето машко женско зависи шо носи ко подарок со машна а пакетче шо знамможе облека некоја бебешка за неа нешто шо ке и се најде кога ќе се породи
Не, на поклон мислев ама така како во пакетче имам некоја идеа така да го склопам, како пакетче да изгледа. Што знам дали да зимам некоја облека, се мислев некое шишенце нешто да земам. Другарката дури во мај ќе се породи, рано е, ама така симболично да додадам нешто бебешко.
Луѓе кажете што да правам веќе , не се живее овде каде што живеам !!! Две огромни кучишта имаат ама како лаат не знаете!!! Ден ноќ ,човек недај боже да одмори , да ги пријавам сите викаат само ќе ги опоменат а што ми значи мене тоа , ова лаење не е нормално
Од кај знаеш беше праша?прават газдите се од Охрид прават таква торта ако не прифаќаш ако не кажи кај ја прават тогаш?
Ако, пријави си ги, за да бидеш на чисто. Нека дојде полиција, па ако не помогнат, тогаш барај друг начин.
Има готови пакетчиња за деца/бебиња, на пример од Бекутан, од овие кашички што прават и слично. Или можеш сега гледав има Стокомак или по книжарнициве мече што чита приказни. Или пак бидејќи сеуште не е толку доцна бременост да и земеш нешто за време на бременоста, бидејќи сигурно ќе има болни стапала или грб од тежината, или нешто за опуштање за време на бременост/масажер и сл..
Сум била неколку пати, сум прашала, немало. Ми кажале дека не прават, ако ме лажеле и јас лажам. Баш дека сум од Охрид, барав да купам тука во Скопје, нема.
Може и облека ќе и се најде боја знаеш розева или плава сите сме мајки шишенце запакувано убаво и нешто за неа пост породилно
Женски дајте помош пошто првпат сакам да ставам пудра а креми под неќам и ретко ставам може ли овие пудриве да се стават без претходно мачкање на крема ми искочија брчки на челото неќам ич креми ај видите таа во ДМ рече неморало кој имал искуство со овие пудри или било шо совет нека пише еве слика
Убаво е, а за цените зависи за која намена одиш. Ако скијаш според мене е скапо, ако си само на викенд има и поефтини хотели што не мора да ти се блиску до гондолата. Рестораните се поскапи ама има и палачинки/сендвичи нешто такви работи да си земеш.
Јас добив масло за трудници од ДМ, преубаво е за коа ќе и расте мешето. Брзо се впива,а олеснува веднаш. Да го најдам и ќе ти сликнам. Гел за ладење нозе добро ќе и дојде. Маст за брадавици и слично. Било што за релаксација и убавина верувам дека ќе ја израдува. А за малото можеш нешто цуцле, играчка, глодалка, чешле или сет за ноктиња, бебешка козметика...
Исто направи пријателка за мене пакетче кога бев бремена и ептен му се израдував! Внатре имаше ставено “MAMA” млеко за мачкање од Биобаза (го има во дм) и ептен ми помогна за околу мешето, имаше пилинг од зиаја од јагода што ептен ми се допадна, дневник за трудници (од некоја страна го имала нарачано), да си означуваш кој месец колкаво е според прегледи и ептен убав споменар за во иднина. Има ептен убави работи, како совет не се фокусирај за бебето зошто ќе добие ептен поклони и во иднина. Секоја трудница посакува и внимание за себе.. Ако треба нешто плус инфо пиши