Како си нерезидент? Во која држава си плаќал данок ако си нерезидент во мк? Резидент или нерезидент е за да се избегне двојно оданочување, ако ти плаќале пари на мк сметка, кај имаш поднесувано даночна пријава?
Зависи од раната, колку е длабока, дали има оток, итн. Подобро исчисти со физиолошки и остави така, ако раната е површинска, бетадинот ако го користиш кај мачки треба да го разредиш со вода, плус ако раната и е лесно достапна, ќе го лиже бетадинот (јод), кој е штетен за желудникот на мачките. Консултирај ветеринар.
Корпи за облека имаат поставено и во Рамстор маркетите, е се дали ги собираат за донација или рециклажа не знам.
За боледување до 7 работни дена, вработените имаат право на 70% од нивната редовна плата, исплатена од страна на работодавачот. Ако боледувањето трае од 8 до 15 дена, надоместокот се зголемува на 80%. За периоди подолги од 15 дена, вработените добиваат 90% од нивната редовна плата. Работодавачот е одговорен за исплата на надоместокот за првите 30 дена на боледување. По истекот на овој период, надоместокот се исплаќа од страна на Фондот за здравствено осигурување. За да се оствари правото на боледување, потребно е да се достави соодветен медицински сертификат од овластен лекар
Сега некои ми кажаа дека се кратело 30% од дневницата. На пример ако дневницата е 1000 ден, за боледување се кратат 300 ден. Пошто ако е 30% од платата ќе испадне на плата од 30 000 да се скратат 9000 што е многу некако... Како е правилно?
Има низ маркетиве, во повеќе имам гледано. Провери во Стокомак, Веро или КАМ, мислам таму имам видено. Барај во замрзнати производи и во фрижидерите, ги има како чадена/димена скуша, пастрмка, лосос и др. Често во вакуум се пакувани .
Дали познавате некој во Скопје што држи индивидуални часови по боречки вештини. Потребно ми е да одам 2-3 месеци да усовршам вежби за факултет па ве молам за препораки