Да не те закача некој на факултет? Иначе, од овие помаливе школи за боречки вештини, мислам дека повеќето тренери држат и приватни часови. Пиши им на неколку школи и ќе ти кажат дали е возможно тоа.
Добив покана за свадба од особа со која што пред 10 години бевме ептен блиски, заедно израснавме и се дружевме се до средно, после изгубивме контакт.. Ако се сретнеме во град само на едно здраво сме, некогаш и тоа го нема... Мене искрено не ми се оде на свадбата, несакам да одам само од почитт.. Мене татко ми кога почина не дојде ниту на погребот ниту пак ми напиша порака да ми изрази соочуство или било што, а во комшии сме.. Е сега криво ми е тоа, што ја немаше на мојот најтажен ден а ме поканува на нејзиниот најсреќен ден.. Мада можеби и ради реда ме кани, бидејќи сме ем комшии.. Ми треба ваше мислење, бидејќо веќе бев осудена дека не треба така да гледам на работата, било што било, да одам на свадбава...
На свадба се канат луѓе кои ги сакаш и ги чувствуваш блиски. Не гледај во минатото.Убаво е што те поканила на свадба и убаво е да појдеш. Дотерај се и уживај во веселбата. Јас би отишла.
Те кани колку да се рече и за да направи гужва. Јас вакви особи ги чкртам со коректор. Па и како имала лице да те викне ц ц ц...
Јас лично не бев на овакви две свадби, на време ги известив дека нема да можам да присуствувам, за да имаат претстава колку порции и пирошки да нарачаат и да не ги ставам у трошок. Никој нема да ти замери доколку не отидеш, и така после свадбата веројатно нема ни да се видите (како и до сега).
Дали ќе појдеш или не, од тебе зависи, ама ако се осеќаш неубаво во врска со поканата и луѓето, подобро не оди. Не гледам поента во одење ако од старт знаеш дека нема да си поминеш убаво. Секако ќе ги известиш дека нема да можеш, и нема за што да замерат, не е ништо лично. Од лично искуство, имав сличен случај и појдов, ама многу се исќефав кога ја добив поканата, не ми беше фрка. Колега со кој се дружевме порано (студиравме и потоа работевме заедно) скоро ме имаше покането на свадба, иако се немавме видено од пред короната. Онака се изгубил контактот, сме смениле двајцата фирми/градови, не ни знаев дека бил женет. Ми падна мило и појдов. Не мислев дека сум таму ради реда за да пополнам место, пошто имаше 200+ гости, не изгледаше ко да фалат луѓе за забава (па ајде во дефицит Мара ќе ја поканиме ) , а и имајќи ги во предвид цениве во рестораниве секој гледа со помалку гости да помине, сигурна сум дека никој не кани луѓе за да има повеќе гости на број, секако ќе има кој да игра.
Осудена си заради нашиот менталитет. Како така да не отидеш на свадба. Мора секоја покана да се прифати Јас не би отишла на свадбата.
Јас вака би направила, би се јавила за да и честитам и да се договориме да идеме на кафе, да се видиме да видиме до кај сме со животот чисто.Јас претпоставувам дека те кани во името на старите добри времиња ама пробај и вака, речи долго време не сме се виделе сакам да пиеме едно кафе да се видиме, па ќе пресудиш по реакцијата
Те кани оти од дома рекле старите срамота е, комшии сте цел живот, што ќе речат другите комшии. Е сеа дали е срамота што соочуство нема да изразиш кога ќе почине нечиј родител, тоа друго е никој не гледа, нема слики и видеа... Па уште и после тоа на свадба да ги каниш, ноу сенс. Не иди, не се замарај. И да те судат, не ти пресудуваат па да се замараш. Доста веќе со тие селски обичаи. Свадба се прави за себе и блиските , а не кредитот да го исплатиш. И плус ако немаат пари да праат свадба за 200 души, нека си напраат мала свадба, а не гостите да им ја исплаќаат салата. Моја другарка беше поканета буквално недели пред свадбата, оти цитирам некој откажал па да не плаќаат за џабе. Сељачишта.
Затоа што нема ништо друго у викојебинава и плус сакаат луѓево да се насмеат малку. И ја глеам на ЈуТуб, скокам само коа Сашко праи стенд ап.
Дали може да регистрира кола лице кое има полномошно, но не е сопственик на колата? Или само за возење важи полномошното?
Мислам дека полномошното важи само за возење. Можеш да се јавиш каде ја регистрирате колата и да прашаш.
На нашето полномошно пишува дозволено е возење и регистрација од страна на другото лице, не е дозволена продажба. Веројатно би требало да е нагласено ама сепак прашајте.