Па нешто слично на мол, не знам баш дали е точно така да се каже. Спроти основното училиште Круме Кепески се наоѓа. Доколку знаеш кај беше кам маркетот спроти школото, ова е малку подолу ама се гледа.
Има некој порачувано од Амазон во Македонија? Кој ги носи пратките? Исто така, ова со ДДВто претпоставувам ќе важи и за тие пратки, но дали за сите пратки наплаќаат 18%?
Имам едно прашање. Имам диспанзер за вода на работа и сум приметила дека кога пијам од него ме заболува стомак, значи само од него. Да не испушта некои хемикалии во водата кога ја лади/топли ? Од што е можно тоа ?
Веројатно од отстоена вода те заболува. Кај мене на работа имам забележано дека водата од диспанзер има чуден мирис.
На награднава игра од 7days, на фискалната што треба да се прикачи може да има повеќе купени работи заедно со кроасаните, така?
Треба фискалната да се слика цела и да се прикачи на сајтот. Како и да е, башка ќе ги купам кроасаните, да не е многу долга сметката.
Нема гајле мислам. Треба да ги пишува кроасаните на фискалната и со датум и време, целосно сликај ја фискалната. Ако сакаш сако кроасаните, речи во маркет на каса кроасаните коа ќе дојдат на ред да ја прекини сметката и да ти ги искуца на друга сметка и ќе ти бидат само кроасаните искуцани.
На едно ливче можеш да играш со 30 комбинации. Една колона/комбинација е 30ден. Ги прешкртуваш бројките што ги сакаш и толку. Каде што е означено за џокер има 1 2 3..10 20.. броеви и тука ако сакаш една џокер комбинација пречкртуваш 1, ако сакаш 10 тогаш кај 10ката. Се надевам дека ме разбра. А оние скратените системи тоа ни мене не ми е јасно, нека каже некој што знае.