Немам искуство со тој, овој јас веќе 2 години го користам супер е. Го користам и за лице. Инаку патиките се антилоп превртена кожа оригинал се на Пума. А каде точно ги носеше да ги однесам и јас. Често одам до Ск па не ми е проблем.
Има едни пластични тубичиња, кои се замрзнуваат и замрзнати се ставаат во фрижидерот со стварите и држат неколку часа ладно.
Не, не зборам за поштар. Зборам за некој што прима и праќа пратки. Дали треба да знае дека постои Луксембург на пример и дека е држава а не град?
Мислам дека само тој е во citymall најдоле кај паркингот не знам како се вика , ама ќе го најдеш се гледа
Најдобро да прашаш од кај што го купуваш. Јас од аџико нарачав лани фрижидерче, и шишето за ладење беше посебно и посебно си го платив, после прикупив уште две такви за да трае повеќе.
Добри се, ама тежат, бидејќи е пластика. Боље земи си од тие другите што се полесни. Ги има во Џамбо, пред некој ден ги разгледував.
Е не верувам дека постои човек што не ги знае дежавите во Европа. И да треба и да не треба, ќе си ги знаеш државите од чиста култура. Иначе Луксембург е и град и држава. Државата е Луксембург, а и главниот град се вика Луксембург.
Епа постои поверувај, затоа и прашувам. Зошто 45 годишна жена што работи во пошта кога сакав да испратам пратка не знаеше дека постои една европска држава. И дебатираме со пријатели дали треба да се знаат државите макар на континентот на кој што живееш ако работиш во пошта, сепак тоа ти е работа. Поделени беа мислењата па затоа прашав тука. Иначе знам дека е Луксембург и држава и град. Пример дадов, у моментот не ми текнуваше друга држава а нанервирана бев