Освен ДХЛ, има некоја друга која генерално разнесува пратки (насекаде) по Европа..? Брза Пратка мене ми се омилени, ама се ограничени на пример со испораката вон државата.
Да не ви стигнаа некои пари денес од „Град Скопје - орган на општина“? Ми префрлиле на сметка 4500 ден, а поима немам од што, за што.
Кажи како и нас да ни префрлат. Ич не би прашувала шо, како, од кај, би си ги потрошила со ќејф. Државни пари се најслатки
Друштво, ај предложете некој кетеринг од Скопје со нормални цени, што би можел да спреми ручек за 60тина луѓе.
Женски, дали некоја има искуство со продавање на дигитални производи на gumroad? Или некоја друга алтернатива..?
Сакам да вдомам маче да чувам, предходното ми почина, дали знаете некој така да дава маче по можност да е портокалово?
За каде ? Јас порано почнав и искрено претешко ми се виде , во три смени ти носат денари евра менуваш ,закажуваш откажуваш им бараш паркинг збориш англиски и уште некој јазик плус каша попара мене ми се виде среќа ми се отвори среќа за државно па не морам рецепција ама можеби на друго место е полесно има разлика од хотел до хотел .
Не знам која да го поставам прашањето па затоа тука пишувам...извесно време во зградата лак што живеам има некоја миризба, и сега веќе ептен се осеќа ко ќе влеземе во влезот. Кај треба да се обратиме за да се преземи нешто?