Зависи какво ти е осигурувањето. Треба да го прашаш тој што ти ја правел полисата или онаму кај што си ја склучила. Ако ја имаш полисата може и таму да ги видиш опциите или во договорот
Веро Џамбо мора да има. Секој суплемент како додаток во исхрана нема некои side effects, освен да си алергична на некои од состојките во него, пример лактоза..
Дали има некој купено од Ананас нешто поголемо, пример бела техника? Ме интересира кој ги доставува, од карго или имаат достава од самата фирма што продава, со оглед на тоа што станува збор за поголем производ?
Дали некој пријавувал гласна музика во комшии? Ова се случува постојано, се работи за возрасни луге кои постојано до нив комшиите со гласна музика ги малттетираат по цел ден од инат а успат се прости луге, кои се пијанчат по цел ден. Дали полицијата нешто врши, не само до врата да дојдат ако ги удрат по џеб нема да повторуваат и мислам да ги пријавувам додека не се смират ама дали има фајде од полицијата?
Ананас е само страница за продажба исто ко Али Експрес или Тему. Си имаат фирми со кого се соработуваат, пример Нептун. Кога купуваш нешто, Ананас само го известува Нептун дека има нарачка а потоа Нептун ти го доставува. Јас имав нарачувано лед ламби и на каргото го пишуваше името на фирмата шо ги продава а не Ананас
Некој нека објасни плс што е со новиов систем за влез излез у шенген зона, колку време одзема тоа, каква процедура е, маму им ј** наместо да поедностават они комплицираат...за од македонски аеродром ме интересира како е
Законот важи за земји кои не се дел од ЕУ/Шенген зоната заради поголема безбедност на самата ЕУ. Што значи тоа за Македонија? Во превод кога ќе патуваш во земји членки на Шенген ќе ти земат податоци од пасош, ваша фотографија, отпечатоци од прсти. Малку ќе чекаш додека те внесат во систем и секое следно влегување нема потреба од чекање, затоа што имаат твои податоци. https://24.mk/details/startuva-celosna-primena-na-sistemot-za-vlez-i-izlez-vo-eu?utm_source=vesti.mk