Мислам дека постои закон за тоа. После 1 месец мислам дека законски мора да ги промениш документите. Казната беше 500€.
Не најдов друга тема па затоа тука прашувам. Искуства со крстарења ? Не сум била никогаш, разгледувам за тргнување од Атина. Гледам има понуди и преку агенции. Ве молам за искуства
Ако одиш како пациент, ќе си кажеш таму, би требало да те пуштат во гаражата, така можеше пред некое време. Прашај обавезно. Иначе паркингот се наплаќа.
Овој викенд сме во Велес на прошетка и краток престој. Па сакав да прашам да ми препорачате некои ресторани каде да ручаме, некои интересни места, било што Ве чекам со препораки Слушнав имало некој мол, таму секако ќе одиме..
П.с. пишувало на пасошот позади шо - како треба. Јас си платив казна, извадив нов пасош и пак немам погледнато шо пишува на него И не знам дали некој воопшто погледнал и прочитал некогаш.
Дали има некој плаќано смештај преку airbnb во скоро време? Трансакцијата не сака да ми помине, па се мислам дали може да е бидејки треба да се внесе id ( лична карта или возачка) или пак е нешто до стопанска.. Инаку на букинг имам плаќано и сум немала проблем до сега. Ако знае некој би била благодарна на одговор
Од ресторани, ги препорачувам Национал, Снупи, Интернационал, Гардениа, Бела вода (ресторанот до Романтик). За прошетка: саат кулата, костурницата, црквата Св. Кирил и Методиј, а во околината можете да ги прошетате селата Ореше, Богомила, Папрадиште итн. Црн камен е интересно место, црквите на патот за Градско, мостот што се тресе (заборавив како се викаше - петков мост, трајанов мост, така нешто).
Имаше таква школа за возрасни порано. За да се запишеш со месечни уплати. Јас на времето сакав да одам да научам да играм, ама баталив. Не знам дали функционираат сеуште. Денес децава на тик ток учат да играат. Ќе го стават телефонот на ѕидче и се снимаат како играат нешто и утре танчери се.
Мене не ми треба толку да научам да играм, повеќе како издувен вентил наместо пилатес, теретана и слично...Ако некој знае случајно некое вакво местенце за „откачување“ нека пријави. Искрено сакам да вежбам, ама пилатес ми е прилично досадно, а останато не ми е по ќеиф, а хип хоп би ми било супер, ем рекреативно, ем забавно, ем што навистина сакам да танцувам
Имаше едно за мавање со секири. Оди ако не таму. Или кај она шро ти даваат чекан и да кршиш предмети. Не да се издуваш со тоа, има да се направиш салата.