Многу ми фаќа мраз фрижидерот. Т.е многу често се случува да фаќа мраз,па мора да го одледувам скроз... Зошто така? На свекрва ми нема мака,нашиот заникаде
Најбрзо ми има стасано за две недели, најдолго за месец. На последната ми пуштија код за попуст бидејќи стаса после предвидениот рок. Задоволна сум.
Месец дена најмалце ќе чекаш, катастрофа се онлајн, дури и да стиснеш да си ги подигнеш од продавница исто време се чека
Дали имате купувано летни чорапи од бамбус? Од каде препорачувате да купам? Каде се најдобри во однос на квалитет и цена?
Добра вечер Сакам да прашам дали ако променам матичен доктор тој ќе дознае дека веќе не сум кај него пациент
лол, и друг некој се замарал со ова.Јас исто сакам да ја сменам матичната, а имаме заеднички пријатели. Непријатно ми е и се замарам со истото.
Ми пишаа казна од ЈСП, знам дека соодветно ми ја пишаа, ама не е целосно пополнета, нема податоци каде и кога ми е пишана, нема име на овластено лице, нема ниту негов ниту мој потпис.. Исто има пишано погрешни податоци за местото на живеење. Јас пример и да ја платам во банка морам со соодветни податоци, и кај нив нема да стигне дека е од исти човек и пак можат да ме тужат.. Дали да поднесам приговор или да ја платам така како што е напишана? И што се треба да направам да поднесам приговор и дали во Автокоманда дa поднесува приговор?
Не плаќај ништо што не е соодветно напишано... Консултирај се со адвокат што да правиш, мислам дека не земаат пари за консултација.. Каква и казна да ти пишат мора да се потпише или ако не сакаш треба да пишува "одбива да се потпише", а негов потпис мора да има... Слободно поднеси приговор.. Мислам и дека те имам читано тебе по форумот, не беше студент ти, нели не плаќаш ништо ако си студент?
Студент сум ама на втор циклус, не ме следува бесплатно, а и да ме следува мора да носам картичка и да се куцнам.. Јас не се куцнав, плаѓам со телефон, ставам пари на апликација, ама сум заборавила да ставм и реков ајде ќе се возам така секако одамна нема контрола, му објаснив се како што е, се симнавме од автобус и ми кажа дај ми лична карта и ми пиша казна, ми објасни и како да ја платам ама јас ништо не го разбрав албанец беше едвај зборуваше македонски. Јас си ја заслужив казната и да беше напишана со точни мои податоци ќе ја платев веднаш, ама вака скептик сум, да не после испадне дека немам платено..
Прашај ги во ЈСП, или види со адвокат најдобро, зошто може да искочи како да не си платила, кога не се точни податоците. П.С преку која апликација се плаќа? Ако може инфо тука или во порака да ми пишеш.