Дали некаде може да ми изработат перници по нарачка со мои димензии? Имам неколку навлаки со димензии за кои никаде немам најдено перници…
Собираш срциња, ги користиш за да добиеш тикет за награди и има извлекување и може ќе добиеш награда (буквално не знам ниту еден човек што добил). Од друга страна добра е зошо има на доста места попусти, кои исто ги отклучуваш со срциња
Дали ги ставаш во некаква заштита вреќичка или ги моташ во бањарка? Досега ми беше страв да ги перам, ама сакам да ги дезинфицирам целосно, се надевам нема да сменат форма.
Предлог спреј дезодоранс против потење на стапала? Многу ми се потат стапалата, дури и во папучи ми замирисуваат.
Јас со патики ставам и стази од веце. Имам перено модел adidas gazelle кои се исто кожни и не мрднаа на 1400 вртежи.
Знае ли некој каде можам да најдам кокосова вода? Читам дека ги има во поголемите маркети ама во сите што барав ги нема.. Конкретно во некој маркет или дм дали сте виделе, или во некоја продавница за здрава храна?
Го поставив прашањето и во друга тема но оваа е поактивна па да си ја пробам среќата. Ме интересира искуство со Нехар. Конкретно за патувањето што е во октомври - BERNINA EXPRESS + (Сирмионе-Тирано-Ст.Морис-Луцерн-Инсбрук-Салзбург-Халштад). Секое мислење е добредојдено