Испраќање пратка по пошта Сакам да испратам книга до Скопје по пошта но имам испраќано по карго, никогаш по пошта. Како оди процесот дали да ја спакувам исто како што пакував до сега или треба некој посебен плик? До сега ја ставав завиткана убаво во најлонска кеса, и залепена со селотејп. Убаво заштитена до сега сум немала проблем. Адресата треба да ја запишам сама на самата пратка или ќе стават лепенка на шалтер? Знам каде се пишува адресата на примачот но дали и каде треба да ја запишам мојата адреса? Исто така за примање на пратка дали ќе ми стигне до дома или треба да ја подигнам од поштата?
Еднаш праќав книга по пошта, зедов од оние големите пликови, за документи што се. Убаво ја завиткав, напишав адреса на примач и адреса на испраќач. Ако е некоја поголема книга, можеш да ја завиткаш во кеса ама да има на неа залепено ливче со адреса. За примање на пратка треба да те известат, обично оставаат картичка (известие) на која пишува во рок од колку дена треба да ја подигнеш од пошта.
Каде може да се купи убави алишта за бебе во Скопје, освен Синсеј, Пепко, Зара, ЕјџенЕм... Значи некој дуќан што го нема тука у Германијава...