Здраво на сите. Јас имав резервирано смештај преку booking од 2 окт за од 20 ти до 24 окт. (без free canc) Сега една недела пред тргање хостот ми пишува да ја откажам рез ќе ми ги врати парите. Во момент на нервоза потврдив и го откажав јас. Ми стигна на маил дека нема да ми се наплати ништо од букинг. Хостот рече дека за 24 саати ке ми се вратат парите, Им пишав на букинг во хелп сервис ама велат за 24 часа ке одговори некој агент, Уште не ми вратил ни букинг ни пари ми стигнале. 23 часа. Мислев на букинг да им побарам компензација со скриншотови како хостот ми откажува 1 недела пред престојот за наредниот смештај по истата сума. Ама уште немам никаков одговор и ме фаќа паника а времето за летање и резервирање е кратко. Ако некој имал слична ситуација и насока како да постапам нека ми пише. Фала ви.
Напиши си ја емаил адресата со која си го отворила профилот на Dropbox. https://www.dropbox.com/forgot Провери си spam folder на емаил за линк да си го ресетираш пасвордот.
Пробав. За жал и за пасворд ресетирање испраќаат код на бројот. Фала сепак. Отворив тикет преку супорт, па ќе видиме.
https://help.dropbox.com/account-ac...if-I-lost-my-phone-or-changed-my-phone-number Сигурно кога си го отворила профилот си го подесила да се логираш преку код кој ти е испратен на преку порака на телефон, а не пасворд. Можеш да пробаш ако имаш backup емаил ставено при регистрација.
Имало некоја оптика од Струмица каде се продавале најквалитетни леќи со диоптер за најдобра цена, да не знае некој како се вика таа оптика?
Сакам да префрлам пари на сестра ми како подарок, но тоа да биде преку банка. Се работи за 5 цифрена сума. Е сега, прашањето ми е: За колку време ќе и стигнат средствата на сметка? Знам дека посебна картичка ќе треба да и извадат и дека има провизија на тие пари. И дали средствата подлежат под контрола на финансиска полиција (дека нели подарок)?
Зошто посебна картичка? Ако сте иста банка одма легнуваат, ако сте различна после 3, истиот ден ќе ги има на сметка.
Имам инвертер ST,преку лето кога е на ладен режим нема никаков проблем но периодов кога е на топол режим на температура околу 26-27 по час-два работење а некогаш и пократко прекинува и на дисплејот некогаш излегува Е9 а некогаш Р0.Доколку некој има слично искуство да сподели за што станува збор.
И мене ми се случи истото и бев скептик како тебе, но после неколку дена ми легнаа парите. Знам дека е фрустрирачки, но би ти рекла да се стрпиш некој ден, особено ако хостот има добра оценка не верувам дека би си дозволил да те ограби кога е свесен дека имаш доказ за уплата. Се надевам дека помогнав.
Не знам кај да прашам. Дали има некој искуство со сервисов од Сетек? машина за алишта под гаранција веќе 3та недела стои дека е на дијагностика, проверувајќи го QR кодов за следење. 10 пати се јавив, немаат информација, ми викаат пишете на мејл, пишав 4 мејла никој не враќа. Збеснав веќе
Мислам дека постигнува аобна температура и самиот се сиклучува. И кај мене се исклучува така, а кога купував пред 2 години, ја купив најскапата клима. Не би требало да е дефект.
Добро, дали е нормално ова веќе . Комшиите имаат кучиња огромни мислам питбул , квичат ненормално , лаат ,значи не се трпи веќе навистина се нервирам. Каде да се обратам дали во оваа вукојебина ќе превземе некој мерки ? Комшијата работи во полиција иначе , ама постои ли некој начин ГЛАВА ПОЧНА ДА МЕ БОЛИ НЕ СЕ ТРПИ ОВА И НЕ Е НОРМАЛНО.
Дали ви се десило да ви дојде нагон за смеење или па да се смеете додека гледате двајца машки како се тепаат?Знам дека е чудно, ама би сакала да знам. Не зборам за крвава тепачка туку буквално за дешавка каде едниот си поигрува, другиот се мачи,но и покрај тоа сепак губи и изгледа очајно?