Дечки, извинете вака што пишувам овде ама навистина се потресов . Влегов во х продавница , не купив ништо бидејќи не ми се свиѓаше , тоа на врата свиреше , таа што стоеше на врата од таму викна по мене ДЕВОЈКО , си мислам зарем земав нешто а не го платив ? Ми вика отвори кесата , отворив само вода имав и една блуза од работа , отвори ранецот имав нешто купено од Др продавница ,ми вика ДАЈ СМЕТКАТА ОД ОВА КАДЕ ТИ Е ??? И викам нема проблем одма ја приложив. Искрено , се потресов имаше и луѓе кои гледаа, заработувам повеќе од доволно и да немам не сум крадец ниту некогаш во животот сум украла нешто. Многу се почувствуваав глупаво и пак ќе речам како крадец , сакам да прашам ако има овде правник , како смее вака некој да ми вика отвори кеса отвори ранец ??? Јас сфаќам дека крадат и се постои ама ова е крајно понижувачки. Се потресов иначе , сега да ми е , ќе им сврзев две реченици , ако не им функционира сензорот во продавница , ШТО ИМАМ ЈАС СО ТОА? БЕЗОБРАЗИЕ
Си требала да ја пријавиш и да и стегнеш тужба. По закон мислам дека не смеат да ти отворат ташна, ама исконсултирај си се прво со адвокат. Сигурно имаат и камери, кои би служеле како доказ. Ако имаше уште некој со тебе во тој момент, би послужил како сведок.
Па не сакам да ја терам до таму работава, ама за следен пат да знам како да реагирам , сега не очекував нешто вакво...сепак фала
Јас го имам, презадоволна сум. Но имаат и најнов модел, што го фалат дека е подобар од претходните модели.
Најверојатно имаш во дел на гардеробата што си ја носела делче што не е отстрането и тоа свири. Знам за таков случај, кај повозрасно машко лице, буквално иста ситуација како твојата (ако не и малку отповеќе, со тресење, со обезбедување итн., а истиот може цела продавница да ја купи). Реално, она е на работа и мора да провери..е сега начинот како пристапила, стави се на нејзино место - брза реакција, паника..во секој случај, невкусно, непријатно..
Не гледам потреба овде за нервози, си ја работат луѓето работата. Ти свирнал алармот за неплатена роба, те провериле, виделе дека немаш неплатена роба и толку, крај на приказната.
Ми се има случено само не се сеќавам во која продавница беше. Во ташната во внатрешниот џеб сум имала такво како бела лепенка која беше деактивирана кога ја купив ама со тек на време пак се активирала така ми кажаа во продавницата и на каса ми ја деактивираа пак. Да, малку е незгодна ситуација сите гледаат во тебе како крадец ама тебе ти е чиста совеста и душата не си украла ништо. Вработените дали смеат или не смеат по закон да бараат да се отвара ташна не знам ама само си ја вршеле работата. На чело не ни пишува "не сум крадец" "не украдов ништо" па да знаат и само така да не пуштат. Јас лично не би се вознемирила толку знаејќи дека сум чиста иако е деликатна ситуација.
Да бе, не гледале потреба за нервози Како прво секој различно реагира , како второ нема право некоја кокошка на врата да ми се понаша и да ми ровари во ташна , тоа може полицаец кога ќе дојде и како трето , колку и да им е тоа работа ,не се прави на таков начин! Еве јас да сум била , би и рекла нема што ташна да ти отварам ни кесе , кога не ви се сензорите како што треба, ние граѓаните сме криви ? И ,да е така нешто да не функционирало , требало убаво да и се каже или да ја потргне на страна и ти сама да покажеш што имаш во кеса /ташна whatever. Што има мене некој да ме "Брука" пред народ ? Не знам што толерирате некој вака да ви се понаша, ама вие си знаете.
Машината што има најдолга гаранција и најпристапна цена моментално на пазарот. Во денешно време се трае до гаранција после тоа не го бива. Секогаш кога купувам од ДМ свирам. Затоа секогаш кога купувам нешто од таму гледам дирекно дома да си одам. Многу непријатна ситуација. Посебно кога е нешто ситно како лабело, кармин. Ни на крај памет не ти текнува дека е тоа. Целосно те разбирам ама ги разбирам и нив затоа што во повеќето продавници им одбиваат од плата.
Скроз е валидно тоа што се почувствувала лошо. Ама еве ти да беше вработената, што ќе направеше? Хипотетички, да беше нешто украдено, што отпосле? На крајот на денот луѓе сме, повеќе е начинот на пристап и реакција на двете страни. Тоа што се нема соодветно обучување на персоналот како да пристапи во вакви ситуации е нешто што треба да се зеде предвид.
Заборај на тоа што се случило. Ни прва ни последна. Мора да проверат бидејќи ако нешто фали од џеб плаќаат. И на тие што гледале може да им се случи. Енџој.
Не смеат да те проверуваат, тоа е твоја добра волја. Ако мислат дека си украла може да им речеш да си викнат полиција па они ако одлучат да те проверуваат. Мислам нели никој не би ја терал до таму. И мене ми свирело. Некогаш отварам, некогаш ме фаќа инат па им викам нека си проверат камери ако мислат дека сум крадела, нема да им дозволам да ми чачкаат они или па нека викнат полиција. Нормално е да ти е незгодно и се слагам понижувачки делува и апсолитно не сакам да ми тарашкаат по лични ствари. Најчесто ми свирело од ташните од зара или новчаници, алармите им се во поставата, па така нови ташни сум ги отпарувала сум вадела аларми и ги шијам пак, за да не се најдам во ваква ситуација.
Не мораш да отпаруваш. Доволно напипај го каде е и скрши го. Јас со години се мачев со еден новчаник, секој втор месец ми го деактивираа по продавници, на крај ме посоветуваа да го скршам и оттогаш не просвире
Ги кршев и ми ги кршеле, ама не биваше со некои. Башка се стресирам на секое влегување/излегување, вака сум помирна. Мислам ќе се онесвестам ако почнат сите да зјапаат во мене
Дали на Водно има луѓе во текот на неделата? Во автобус? Со цимерката сакаме да одиме некој делнички ден
Зошто ризично? Скопје не е Колумбија. Сосема е безбедно. Одете си, искачете си се (жичарата се поправа и не работи) и уживајте во погледот на најубавиот град во Македонија.