Најдобро и најсигурно ти е да одиш таму од каде што си го купила да одиш да ти сменат батерија. Ако саат ти е скап и ти значи тогаш подобро ризикувај некој денар повеќе од таму кај што си го купила одколку да го однесеш на било каков часовничар па да ти земат некој дел од внатре и да ти го зезнат. Јас не верувам дека батеријата ќе те чини повеќе од 300 денари, ама и чудно ми е што за 2 години ти се потрошила, мене на саатот што ми е марка ми трае веќе 8 години... Можеби и не е до батеријата, сепак оди си таму најсигурно ти е. Провери си ја и гаранцијата на колку време ти е, ако не ти е уште истечена супер, може ќе ти ја заменат бесплатно.
Јас сакам да прашам што се изнаучиле некои форумџики со ова барањава за лп? Дај пиши си ја маката во соодветната тема или ако си го имаш со некоја форумџика пиши и нејзе и ај чао! Па секој ден има по некое барање за слободен за разменување пораки, особено ме нервираат таквите побарувања во СДК.. Па форум е ова, не е институција со канцеларии на советници па за да се бара влез во нечија врата!
Која е цената на картите за концертот на Жељко во сабота? Најдов на нет цени, ама тие важеле до 10 јуни. Благодарам однапред.
Пишав во соодветната тема ама нема одговор, па тука да ве прашам. Ми треба совет. На веридба сум во среда кај не толку блиска пријателка. Не сум баш финансиски во добра состојба па сакам да и однесам букет цвеќе и благо. Што мислите доволно ли е тоа? Што обично носите за веридба? Фала однапред.
Девојки сакам да ве прашам дали знаете каде можам да најдам едноделни пантолни (Jumpsuits)? Ми требаат најобични, по можност црни. Цел град и City Mall ги пребарав ама никаде не можев да најдам. Барав ваква тема ама не најдов, ако е несоодветно прашањево за тема или доколку веќе постои ваква тема, слободно избришете го постов Би ви била многу благодарна доколку некој знае да ми каже, одамна се имам намерачено на такви пантолони
koj ке ми помогне да се снајдам на картата на Скопје Незнам зошто ама вака одозгоре неможам да ги најдам летните Клубови каде се сместени а треба да објаснам нешто. Од арената на каде да се движам .... некој дами помогне.... еве ја мапатаhttp://www.nationsonline.org/oneworld/map/google_map_Skopje.htm
Летните клубови се во Парк, кога ќе бидеш таму кај Стадион ќе видиш на кај тера народот, сите се во близина и одма да прашаш ќе ти кажат кој клуб каде е точно.
Мене ме потсеќа на кореографијата од спотот на Пинк за Try, која пак е инспирирана од apache танц (високо стилизиран париски танц).
Сакав да прашам дали некој има искуство со овие ваучерите/попустите што се на kupinapopust, grouper.mk? Најдов една евтина понуда за Крф и тоа многу евтина за тоа место и си мислам да нема некоја мучка зад сето тоа Ако може некој да пише
Девојки имам вакви патики, значи стари се едно добри 5 години, ништо не им е само во обележаниот дел никако белото не се чисти со ништо од внатрешната страна посебно кај што се допираат патиките имам и со доместос трзано никако не се чисти има некоја благо темна кон црна боја Инаку ги перам во машина, на 30/40 со некои алишта но само тој дел не знам како да си го обелам пак?
Пробај со дезедоранс, знам дека звучи чудно, ама јас имав една флека на старките, незнам како дојдов до таа идеа, шприцнав дезедоранс и триев со четка за заби и ми успеа, пробај
фала на одговорот ама требаше да објаснам на картата на мапата каде се и кој е кој . Викендов нема да бидам во Скопје а треба на братучетками да и ги објаснам клубовите. Мислев дека со картата ке и биде полесно ама на картата тешко се снаоѓам.
Женски да ве прашам, имам за пасош закажано за сликање после 19h во мвр, тоа време банките не вршат уплата? Нема да можам тоа време тие уплатниците да ги платам, ќе морам таа работа да ја завршам претходно?