Незнам зашто не ти отвара? мене ете ми отвара! http://www.one.mk/promocii-detalna/items/Неделен_пакет_со_60_минути_за_разговори_кон_сите_мрежи.html
^ http://www.one.mk/promocii-detalna/item ... D0%B4.html luci22 незнам како го прикачуваш линков ама не се отвора.
Одиш во пораки пишувас нула(со букви) па празно место па старт(значи нула старт ) и праќаш на 181,толку.Ти стигнува повратна порака дека ти е активирана услугата.
Некој скоро дали купил чоколади од Леонидас, да ми каже како им се движат цените? Не сум купила одамна, а ми треба за поклон.
Никој не те тепа, само ти кажав дека не се отвора па затоа повторно го ставив линкот за да и послужи на членката.
Дали доколку во странство уклучам мобилен интернет, за да го користам Вибер, ќе ми стигне повисока сметка?? Spoiler Ништо чудно прашањево да ми скокне во смешни мислења
Не зошто имаме роднини во америка и германија и редовно се слушаме на вибер и ништо а инаку вибер е(апликација) како скајп и си правиш муабет без пари на интернет и пишуваш пораки+
Жива ќе те одерат. кожата ќе ти ја симнат и од неа ќе си направат чанта. Баш поради сличен проблем денеска бев да барам детален извештај од ONE. Само што јас не користев мобилен интернет, туку ми измислија 13 повици во роаминг. Е кај баш 13 ги најдоа? Седи си мирна. Поарно ќе ти е да вртиш на телефон во роаминг, отколку интернет да користиш. И таму кај што ќе одиш сигурно негде ќе има WiFi.
Имам и јас сличен проблем....Во мрежта на т-мобиле со секој дополнет ваучер од над 150 ден ти стига порака за бесплатен неограничен интернет 7 дена,кој може да се активира на **** не и текнува сега кој беше бројот,небитно.И пробувам да активирам нешто не можеше а ми требаше итно нет и се јавувам во контакт центар да разговарам со оператор ми вика ке ви го решиме ние проблемот,вие исклучете го мобилниот и пак вклучете го и ке имата интернет. И добро направив се тоа и имав интернет.Во наредните 7 дена немав никаде вртено и пробувам денеска да свртам ми вика немате доволно кредит,се запрепастив,цел кредите ми го нема,вртам пак да разговарам со оператор и ми вика па сигурно ви уклучиле дополнителен интернет поднесете приговор. Мислам како може убаво и реков дека сакам да го активирам бесплатниот интернет не сум толку мутава да при бесплатен што ми следува да барам дополнителен да ми активира. Стварно се безобразни!
Да не те бараа некои додека беше во странство? Бидејќи и ти плаќаш ако го примиш повикот (само не сум сигурна колку), иако не си барал ти.
Никој не ме бараше, со моите и блиските комуницирав преку viber, data roaming ми беше исклучено, користев само WiFi. Испратив само две пораки, да се консултирам со лекарката и тоа е се. И бев денеска во салонот на ONE, барав детален извештај, и дечково ми вика, сте имале 13 повици на роаминг и две пораки. Ајде, за пораките знам, ама повиците не се остварени. И уште ми рече, ако некој ве барал и да не сте кренале, ако сте исклучиле, ние го рачунаме како остварен повик во роаминг. Наполнив уста да му кажам, тоа ќе му дојде како да ти купам сладолед и да ти дадам преку стакло да го лижеш, ама се воздржав, оти вработениот не ми е крив. Потпишав барање за целосен извештај, ми кажаа ќе ми се јават во текот на денот кога да одам да го земам и толку, ниту извештај, ниту бутур. Утре ќе одам пак. Не сакам некој будала да ме прави, а посебно не за мои пари и ќе барам копија од барањето, а они не мора да ми го достават деталниот извештај. Понатаму знам што ќе правам.