Земаш формулар од билетара, ја пополнуваш и ја носиш на студентски прашања со сликичка од тебе, таму ти удираат печат(и на формуларот и на сликичката) и повторно го носиш формуларот во билетара и таму ти прават картичка за бесплатен превоз
Ниеден филм што го вклучувам не се полни брзо. Прво, треба чекам неколку минути да започне, па потоа на секоја секунда-две запираше, и не можам на раат да го гледам. Го оставив да се полни, ама потоа гледав само неколку минути и пак запре. Се обидов и на неколку други сајта за гледање филмови онлајн и секаде е исто. А, немам никаков проблем со вчитување на ништо друго. Видеата на јутуб убаво се вклучуваат. Си велев можеби е спор интернетот, ама исто беше и минатата недела, и сега пак е исто. Во што може да е проблемот? Навистина се нервирам, ниедно филмче не изгледав.
http://kinoteka.org/mk/ Пробај овде ако нешто се појави само бришни го тоа мк и ентер после кога ќе одбереш филм сите коцкички исклучи ги и глеј на раат е сеа не ги отвара сите.Со среќа
Каде се просториите на СПУКМ кај студентскиот дом Кузман? Треба да си ја земам студентската картичка, ама не знам каде да отидам..
Таму е во кругот на кузман, Одма до мензата. Ќе видиш си пишува студентски парламент, ќе влезеш и на втори спрат ќе се качиш и одма ќе ги видиш картичките расфрлани на една маса. Само пази на работното време, работат до 15ч
Како се прави хербариум?Начини на подготовка,собирање на растенијата,лепење и сл.По можност брзо одговорете..ве чекам
Сакам Да прашам дали некој случајно знае каде можат да се најдат имињата на добитниците од наградната игра на веро шо беше со купончињата?
Изработката на хербариум не е едноставен процес. Потребно е да знаеш вкупен број на растенија што треба да ги собереш.Временски период на постоење и подрачјето на опстојување се најбитни во процесот..Потоа, треба да имаш просторија каде ќе ги сушиш и на крај да ги залепиш на пано со големина адекватна на бројот на растенија и ќе ги запишеш податоците за секое од растенијата.
Собираш растенија цветови и сл. Секое од нив го ставаш во весник , па во средина на некоја дебела книга и ги оставаш да се исуши неколку дена. Барем ние така правевме во мое време. Откако ќе се исуши го лепиш на лист од блок. Многу е интересно. И ќе треба да ги подредиш во зависност од која група се - тоа ќе ви го каже наставникот. Ме интерсира што се случи со мечињата што се движеа по автопатот Охрид -Кичево...Се надевам не му се случи ништо лошо
Феминки знаете ли кои антирефлексни стакла се квалитетни? Ја си купив рамки, сега треба да купам стакла, ама ме бунат цените низ оптикиве, некаде се 1000,1100,1200,1500,1800 до 2500 ден.Стварно не се разбирам во што е разликата а во секоја оптика различно ми кажуваат,односно стаклата кои ги имаат ги фалат како број 1, доколку знаете ве молам помогнете да знам што да барам,некој бренд, потекло (италијански, француски)и сл.? Поминувам околу 10 часа на компјутер и плус доста читам книги, имам постојани главоболки па ми препорачаа очила со вакви стакла, диоптерот ми 0,5.
Да прашам една малку безобразна работа.При кликање,отварање на страници од никаде ми се појавува порно страница.А не сакам.Има ли чаре да ја блокирам?Ме става во незгодна ситуација пред децава.
Има во опциите на Google Chrome,AdBlock.Оди во Extensions и само стисни Enable,би требало да исчезнат.
Исто како што ти кажаа, само откако ќе ги ставиш во весник, врз него стави нешто тешко, за да бидат сплескани, за полесно потоа да ги залепиш. И после неколку дена, смени во весникот, за да не останат влажни.
Девојки, знам дека прашањево е за во парфеми, ама не знам во која соодветно би одговарало и решив овде да пишам. Сакам да прашам што мислење имате за парфемите што кружат на фб од пред 2 дена "SuPerfume.mk" Дали е мамка или? Сакам да порачам, ама не знам што да мислам, дали си прават промоција можеби или се лажни и не се оригинални. Секој одговор би ми бил добредојден. Фала.