Поканета сум кај другарка на слава, ама глупаво ми е вино да однесам зашто и двете сме мали (имаме 17 години) Што друго освен вино се носи на посна слава?
Незнам колку е прашањево за тука ама сакам да прашам за еден рецепт дали има некој нешто вакво пробано. Во рецептов има компири а се работи за благо http://www.crnobelo.com/hrana/recep...stvoto-recept-za-brzi-rum-stangli-bez-pecenje
Колку пари се пренатални витамини? Мислам дека се викаат така и на македонски.. Да не се избрукам во аптека
Всушност компирот е сладок доколку не му ставиш сол. Не сум го пробала рецептов ама убаво ми изгледа, немај гајле за компирот убаво ќе испадне.
Немај гајле. Компири, моркови, тиквички се доста погодни за десерти. Најмногу ме радува изненадениот поглед на гости кога ќе им кажам што има во моите десерти. Ова звучи ептен двосмислено, но секогаш биле пријатно изненадени. Но, за конкретниов рецепт повеќе ме двоуми изворот. Претпочитам рецепти од кулинарни сајтови и блогови, затоа што другиве забавни сајтови, кои ставаат по некое рецептче меѓу останатата содржина ( "превземени" којзнае од каде), најчесто не посветуваат внимание на добриот, точен превод и детален опис на подготовката, па треба или да нагаѓам што и како или да завршат продуктите во канта. Исто така, неретко имало случаи кога фотографијата не соодветствува на рецептот, т.е рецептот од едно место"позајмен", а фотографијата од друго.
Па ја исклучив, мислев некој се зафркава, инаку зошто ми ѕвонеле? (ако знаеш...знам дека замарам со прашањава...)