Мислам дека во ОНЕ продаваа само ресивери за 1.000,00 ден. без при тоа да мораш да склучиш договор за БУМ ТВ на пр.... Така да, можеш да се распрашаш таму...
Ќе прашам тука бидејќи најмногу има прегледност тука Инаку за вие домаќинките ми треба помош,препорачајте добар мајонез што имат вкус стварно на мајонез? Долго време користевме дома Томи и стварно имаше вкус на мајонез,ама последниве две купувања искрено ми се згади. Се мислам за тој од Полимак мислам дека беше фирмата,ама одмана го немам пробано. И да,да не е Витанез зошто и тој ми е ужасен. Без разлика на цената Само помогнете ми да го најдам совршениот мајонез,фала ви
Рубикова коцка имаш низ сите книжарници, јас пред некое време си купив од онаа во ГТЦ, до апетисаните. Појма немам како и' беше името.
Се извинувам ако прашањето не е за тука, не најдов соодветна тема. Со што се одржува ваков материјал на чизми (не знам како се вика)?
Материјалот на чизмите се вика нубок, а се одржува со безбоен крем кој можеш да го купиш во продавниците на Пеко. Цената е околу 120 ден.
Искуство некој со сервисот на амц? Оставив лаптоп за батерија и ни трага ни глас. Колку треба да се смени една батерија?
@Mimi123, јас имам лошо искуство. Точно месец ми го менуваа напојувањето на мониторот и од што беше добро поправено почна повторно да трепка после неполн месец.
Некој да не има број од шивачката во автокоманда? Или од некоја друга што е добра, а ефтина? Веќе прашав во темата за шивачка, но никој не одговори. А да, за во Скопје да биде. Благодарам однапред
Мислам дека не.Сами се по своја иницијативност се организирани.Мислам дека зимаат пари при секое вдомување на куче ( улично) нерасно. Но така слушнав. Колку е точно незнам.