И нас овој месец ни дојде многу поголема сметка од вообичаено, а ништо поразлично не сме правеле/трошеле месецов. Кој знае што прават тие во ЕВН-изгледа од ракав си тресат износи. Или можеби вработените треба бонуси да земат, па ајде сега удри по потрошувачите!
Уште не ми е стигната сметката за струја, ама да ве прашам колку повеќе ви стигна од досега што ви стигале сметките? Голема разлика ли е? Да знам што може да ме очекува.
Кај мене 2000 повеќе од минатата, а исто како и минатиот месец трошевме. Едит: Грешка, сега се сетив дека пред овој месец го исклучив и големиот фрижидер за длабоко. Многу чудни некои сметки и други комшики се жалеа.
Девојки да ве прашам нешто Дечкото на другарка ми и рекол дека имало некоја програма за на фб да влагаат низ профилите и да гледаат без пасвордите да се знаат. Демек да читал се го интересирало, не само мојот профил него и профилите на нејзините. Мене тоа ме нервира јас сакам приватност. Каква е таа програма??? И дали и кај вас чатот нешто не ви е во ред неможете да стиснете ентер кога пишувате на чат?
Леле слепа колку сум јас па мислев дека мене ми одговори ај добро во 5 часот сабајле сум прочитала учев плус кизнај што гледав
Не е точно тоа, сигурно ја лаже за да ја заплашува дека ќе и чепка низ профилот. Ако постоеше нешто такво сите ќе знаевме, некако не ми е логично ова. Знам за програми кои го хакираат пасвордот ама дека без пасворд може да се влезе малку тешко.
Прво ќе ги замолам модераторите да не ми го преместуваат прашањето затоа што навистина е итно, а се работи за здравје. Потребен ми е број од Д-р. Туран- киропрактичар/железничар. Ако било која од вас има, ве молам да ме исконтактирате по лп. Имам и точна адреса и име на ординацијата но не знам зошто не можам никако да му го дознаам бројот, ниту преку информации. Мајка ми не сакајќи при наведнување ја повреди половината/ рбетниот столб, најверојатно се работи за дикус хернија, и знам дека читав доста пофалби за овој неврофизијатар, но не можам никако да добијам негов број за контакт.
овој број насекаде се провлекува низ форумиве, ама не е овој. Најверојатно е променет и никако не можам да го најдам. Сепак фала ти Лара
Колку години има мајка ти? Ако има над 50 години воопшто немој да се мачиш да го наоѓаш Туран. Татко ми (52) пред некој ден беше кај него, многу лошо му се испонашал. Му се развикал као шо си дошол, стар си ти за тука. Татко ми беше многу непријатно изненаден, барем културно да го одбил а не вака. Сенешто!
Другарка ми одеше кај Туран и сестра и исто, овој број беше, сега не знам дали го сменил иако тоа не беше толку одамна.Ништоо
Не, тоа е воспаление на слузницата на желудникот. Обично (кај млади луѓе како тебе) се јавува од стрес но состојбата брзо се поправа. Избегнувај јаки зачини и храна која си забележала дека ти смета. Од лекови сега за сега мислам дека нема да имаш потреба но ако имаш чувство на печење можеш да земеш антацид од било која аптека. Се даваат без рецепт и се безбедни за употреба.
Да не знаете каде има вакви стегачи за коса,по Џамбо Мамбо или....Има на Алиекспрес,ама не ми се чека два месеци за ластичиња