Абе женски, еурокремот црвениот на таково посен ли ее? У продавница ми рекоа да, читам и на него се е растително, обрано, ама пак сумјиво ми е?
LOGING Electronics се наоѓа во Капиштец во Беверли Хилс трговскиот на спрат. Му доаѓа од страната кај главните скали што гледаат накај католичка црква. Се качуваш по нив има кладилница од лево, а од десно има нешто како казино. Право има уште едни скали, се качуваш и по нив и LOGING ти доаѓа од лева страна. Еве и веб и фејсбук линк. Инаку поправката на мојот полнач ме кошташе 20 денари. Ја памтам ценава затоа што кога ми кажаа колку ќе кошта не можев да поверувам. До тој момент единственото решение беше да купам нов полнач што кошташе побајаги. Така да ова ми дојде како пријатно изненадување. Се надевам дека ќе си завршиш работа.
Имам утре закажано на кожно (преку мој термин), во државна болница во Скопје (на клиника). Е сега ми текна дека е нов месец, а јас немам сини картони. Утре сме рано наутро и нема шанси да стигнам на закажаното, ако прво одам во социјално по бончиња. Е сеа да отидам без, дали ќе не примат или не??? И дали ќе треба да платиме нешто и колку????? Ве молам за одговор.
@НаталиЛили јас знам дека ако имаш биометриска здравствена легитимација тогаш сините картони не ти требаат повеќе.А,за плаќањето кај лекарот секој си има стандарден ценовник на плаќање во зависност од тоа дали е приватен специјалист или работи во државна болница.
Aко имаш здравствена картичка не ти требаат сини картончиња, всушност и да отидеш во ФЗО нема да ти издадат. Штом имаш закажано во државна не би требало да платиш повеќе од некоја симболична партиципација.
Ми треба некој од оние лаковите против грицкање нокти. Ама да не му го чувствувам вкусот цел ден после, значи да не е многу јак. Имам еден од аура, кој буквално ми го расипува цел ден ако го пробам.
Фалаааааа . Ме усреќи и веројатно ми заштеди некој денар . Поздравче! @Sfera , оториноларингологија ти е на државна. Од интерните клиники (ако гледаш од пред паркчето) , од десна страна.
Дали знаете некоја слаткара што изработува посебно фигури за торта од фондан,марципан,сеедно... Или евентуално каде се продаваат украси за торта?
Каде може да најдам големи тапети за на ѕид што се лепат и да има бар некој избор, во Веро Џамбо нема, и ако може точно да ми кажете и ако знаете цена
Фототпетите кои се спојуваат се поскапи, а оние обичните конкретно во Бриколаж, варираат од 460 нагоре. Лепакот за тапети е 200 и нешто. Имаш многу убав избор таму, прошетај се и разгледај, сигурно ќе ти се допадне нешто.
Сакаш тапети или фототапети? Во секој случај и едно и друго имаш во "Декор и дом" во близина на католичка. Имаш преубав избор, а за цени незнам, секогаш има нешто на попуст.
Ако ти треба амбуланта тогаш кога ќе влезеш од глвниот влез на државна втората уличка десно ( угорничка мала е, има паркче до неа..тоа е уличката накај зградата интерна). Значи ако треба амбуланта вртиш на оваа уличка вториот објект (мала зградичка) на неа пишува очно, ќе влезеш и на влезот во ходникот ќе свртиш одма лево има бела врата и позади неа скали..ќе се качиш и тоа се амбулантите. Ако ти треба одделот кај што се лежи, ќе влезеш во интерна (истата уличка само не вториот објект туку скрос последна врата, зградата во чело што ти е) таму ќе одиш по тесниот ходник само право и кога ќе дојдеш до поширпк простор од десна страна им скали на 2ри спрат е орл и очно..или смо со лифт качи се...