Дечки да ве прашам нешто на фб напрајв огромен број коментари на една објава и сега ме блокираја од фб да нема да можам да коментирам до кога нема да можам да коментирам на објави? Фала ви
@Mama25 Секаде каде што се продаваат батерии за рачен часовник, истите батерии се. На пазар можеш да најдеш.
На секој пазар можеш да најдеш на тезгите, па и топломерот носи си го, оти има неколку врсти, плус таму ќе ти ја наместат на лице место Околу 30-50 денари се
За друг пат, кафетин менструал е ибупрофен всушност и можат по 2 дневно да се пијат ако имаш неиздржлива болка. И нема ризик од неплодност.
Тогаш не шири дезинформации ако немаш конкретен одговор. Ако е за тоа ниедно апче не е бонбона па за секоја болка знаеме да се напиеме апче. А конкретно за кафетин менструал дека предизвикувале неплодност, мислам wow од каде го извадивте муабетов? Дајте ако има некои точни информации сите да знаеме, не само дека на некој така му текнало и ајде сеа штетни се.
^ Во склоп на муабетов, јас имав другарки кои тврдеа дека гинеколози им го кажале истово и кога земав да го читам составот сфатив дека е обичен ибупрофен и сеиорзно почнав да се сомневам во нивните наводни гинеколози. Мене тоа никој никогаш не ми го кажал, посебно не медицинско лице. А јас како што месец, преку месец завршувам дехидрирана на боцкање од преголеми болки, не можам да замислам без да се напијам апче. Не ширете дезинформации, ве молам.
@mims-89 Ко првоо ти менее не ми го повишувај тонот , ко второ си кажав мислење сакаш верувај сакаш не , реков дека не сум сигурна , како трето нит ги пијам нит ме интересира дали се штетни , споделив тоа што сум слушнала , ти како си сакаш не те терам на сила да ги пиеш ни па да не ги пиеш . Посмирено малце мислам wow.
^ Мене и обичен кафетин ми го има скроз истиот ефект, а нема шанси првите две недели од менструација да не се напијам, нема да можам да функционирам. Кутри жени од минатото кога ги немало апчињата, којзнае што правеле тие денови
И зошто го кажа тоа @Winter Lady , кога толку тврдиш дека ниту те интересира, ниту пак, за волја на вистината, си ги пиела и си имала некакво искуство со нив ?
Не напишав којзнае што лошо Мишела , едноставно кажав дека така сум слушнала , не му мислам никој лошо затоа и си кажав мислење ,сакав да споделам не потврдив.
Кај виде ти повишен тон? Има негде извичник или големи букви? Лупате глупости тука од рекла казала муабети, па после крив ви е некој друг кога ќе ви плесне у фаца. Ако нешто кажуваш поткрепи го со факти, а не само колку да се кажело нешто. Ако не те интересира незнам што воопшто се замеша да даваш одговори кои немаат врска.
http://www.dermafarm.mk/data/image/merz-drazei.jpg Мерц специјални дражеи. Пакувањето е за 1 месец, околлу 500 денари се. Лично јас ги немам пиено, но ми ги имаат кажувано како добри и ефикасни.
Драги фемики предложете ми некое убаво романтично ресторанче(во Ск) сакам мажето вечер да го носам???
Утре ни доаѓаат гости од Америка. Дајте предлог каде да ги прошетаме низ Скопјево (освен Матка, Водно, Кале, стара чаршија)? Предлог за ресторани каде би пробале типична македонска храна (ама да не биде биртија, туку убаво ресторанче)?
Џино, Венето во Сити Мол, Скопски Фенери (до Европскиот Универзитет во Центар) ми изгледа убаво ама не сум била таму сеуште. Балила во Капиштец...