Во Џамбо не знам дали има, јас одамна барав таму и не се сеќавам дека видов, освен ако во меѓувреме не донеле и таму. Вакви селотејпчиња има по книжарниците и многу се евтини, јас ги купувам од книжарница кај Скопјанка - малите се 5 денари, големите 10. Сигурно и во Битола има книжарници кои продаваат, провери деновиве. Еве неколку од моите, жал ми е да ги трошам и си правам колекција. Spoiler: Слика Прикачи ја сликата тука, па копирај го URL-линкот во ЛП. http://postimage.org/ П.С. Не мора, ако е за тоа што мислам, ама ете пробај дали ќе ти успее.
Дали негде може да се најде желе, како она кое по филмовоте го јадат во болница кога лежат, пред може 9 години имаше во тинекс црвено и зелено, ко овошните јогуртчиња беше во такви чашки пакувано, ама го снема и не сум сретнала пак. Пуста трудничка стрвност, неколку дена ми се јаде такво нешто Или некоја варијанта да си направам сама, некоја иапробана рецепта??? Anyone?
Си прашав јас во соодветната тема ама таму слабо гужва. Каде во Скопје можам да најдам квалитетни, машки боксерици? Цената не ми е битна, само да се навистина добри. Јас ќе најдам по бутициве низ трговскиве ама колку се навистина квалитетни. А да не има и по спортскиве продавници? Како да имам видено.
Нема во Сара Фешн? Провери во Стружанка, таму би требало да има и материјалите им се секогаш многу фини.
здраво, сакам да прашам кај можам да најдам од старите машини за куцање? некој да продава? итно ми еее
јас си купувам од една книжарница што е кога одиш по рузвелтова после галери кафе одма лево, хера или така некако се вика...има многу убави а и ефтини се мислам 10ден. ако ти е во близина можеш таму да си видиш
Овие памучни, "уз тело" сум купувала од Сара фешн и не се лоши, Стружанка има квалитетна долна облека, и Тритекс исто, 100% памучни се, и има комплет и маица. Околу 150- 200 се. Мене за подарок ми се интересни оние од Спрингфилд, поскапи се, а ги има по еден пар, 3, 5, и интересни ми се дезените. Има и памучни, ама има и оние како шорцеви што се, ако знаеш на какви мислам.
Жени можи ви е глупо прашањево ,ама да си прашам ми падна телефонот и екранот нормално се распука цел,ама пак се гледа се горе е повеќе испукан, еве го си работи уште како нов,е сега зборот ми е додека се снајдам да го поправам не е ризично да го работам со распукан екран? да не ми експлодира во раце оти буквално се рони од гореаман колку се нежни овие смартфониве и не ми го ставајте прашањево во она како беше смешни мислења
Јас ти гарантирам дека нема да ти експлодира @Rama мојот уште нема експлодирано го користам веке еден месец испокршен
@Rama Не го користи однеси го да ти го направат , бидејќи може да ти влезат мали срчи , мене ми влегоа 2-3 па едвај ги извадив. @x.Daisy.x незнам дали ми е враснат во месото. @Sweet Justice Ме болеше со тушот а и пред тоа гној ми течеше малку , не би сакала да тавам јор некоја друга препорака ? Еве слика каков ми е полемиот прст од левата страна ми е поддуен и црвен. @Valencia Мислиш на домат или патлиџан ? Капките каде ги ставаш на ноктот или на прстот ? @skorpija123 Не би да ставам гази такви работи.
Ги ставам измеѓу ноктот и месото. Односно ќе го подотворам малку (ќе го раширам ) и ќе капнам по 1 капка на ден.
@Winter Lady како што можам на сликава да забележам, ноктот ти е набиен во месото што значи не ти расте навнатре. Ништо страшно. Знам дека боли ама пробај некој од советите а ако не ти помине за 3-4 дена посети лекар. Пробај и во три литри млака вода стави три супени лажици јод. Тоа се нарекува абетадинска купка и ептен помага. Немој директно јод да ставаш на прстот. Направи ја купката стави ја ногата внатре едно 15 минути и туркај го месото од страна што ти е нанадвор со бејби стапче (оние за чистење на уши). Значи прво направи ја купката и исуши го убаво прстот и стави од капките. Па пиши што си направила. P.S еден совет од мене: немој да ги сечеш толку ноктите до живец, остави барем малку нокт.