Некој да ми предложи каде во скопје праат добра физикална терапија ( по можност да може со сини картони). за Катланово што мислите ?
Некој знае работно време како им е на ЈСП инфо центриве за вадење персонализирана електронска картичка за возење автобус? И дали преку викенд работаат?
Дилема на денот... Дали Доритос чипс (зелениот) е посен? (читав состав ама не можев да дојдам до заклучок)
Лаптопот сабајле кога станав празен беше.Го оклучив и си седам и гледам батеријата на 6 % а пола саат се полни.И така цел ден без полнач одма се гаси, а на полнач не се ни полни.Од 6 % несака да мрдне.Нема ни една година, аман од него веќе.И дали значи дека отсега се така ке работи само на полнач?
Изгледа дека батеријата е расипана. Лаптопот може да работи и без батерија, само на полнач цело време.
Знам дека може да работи, затоа и прашав дали значи дека се така ке работи.Инаку мојата батерија не се вади.Неможам дома да ја извадам, не се ни гледа каде е сместена.Секако дека ке го однесам, ама пари ке ми земат како и претходниот пат иако е под гаранција.Ако треба да купам батерија пак ке е за пари.
Асус, најглупава марка отсега според мене.Близок ми има Асер батеријата 8 часа му трае.А преку една недела разлика ни се купени.Мојов и на екранот има како претиснато црна линија и демек ништо не било.За друг пат кога ке купувам очи 6-ка ке отварам. http://www.google.com/imgres?imgurl...d=0CB8QMygCMAJqFQoTCJXr5vzb6sgCFQuncgodG10H4w Башка на екранот од задната стана што е не смееш да го притиснеш малку повеќе оти одма крца ке пукне мислиш.Како празно е Ваков никој да не купи, ем лабав е кога му го местиш екранот.
Батеријата на овој модел стои внатре, и мора да се расклопи лаптопот за да се смени батеријата. Ако те интересира како се прави тоа, еве погледни, се работи за сличен модел
Ми стигна по пошта картонче за пристигната пратка, е сега освен бр. на пратката нема ништо друго. Можам ли некаде да се информирам бар кој е праќачот, бидејќи ништо не очекувам да ми стигне А и не знам какви се овие пратки што не ми го носат дома, бидејќи пр. од АлиЕкспрес се ми е носено на врата...
Епа така ви е кога цело време ви стои лаптопот на полнач. НЕ ТРЕБА ДА СТОИ НА ПОЛНАЧ ЦЕЛО ВРЕМЕ !!! Сигурно батеријата ослабнала и се оштетиле ќелиите. Нова батерија 50 евра.
Мене ме занима кога е black friday кај нас? Знам дека беше ноември, ама кога поточно во ноември не ми текнува.